Група ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на нашата библиотека
10 февруари, 2022 г. Вчера во НУ Библиотека ‚,Григор Прличев’’ – Охрид, како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово - социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“. Со предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно историско и национално значење како личности...