„Побуди и белешки“ нова книга од Зоран Јакимовски

„Побуди и белешки“ нова книга од Зоран Јакимовски

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 31 Mar 2021

31 март, 2021 г. 

Деновиве во издание на ПНВ Публикации излезе од печат книгата „Побуди и белешки“ од роднокрајниот автор Зоран Јакимоски

Најновото дело на Јакимовски, всушност е плод на неговата дводецениска рецензентска работа, пишувајќи огледи за колегите – творци.

„Побуди и белешки„ содржи десет негови рецензии посветени на делата на Смиле Наумоски – Брсјак, Поли Муканова од Бугарија, Лидија Стефановска, Марина Икономова Шоќева, Мирко Томовски, Марија Донева, Марија Младеновска, Љупчо Милковски и Тоде Илиески.

Јакимовски како – поет зад себе има осум стихозбирки, објавува рецензии , препеви, критика и есеи. Тој е член на ДПМ од 2012 година.

НУ Библиотека