Нова книга: “ Привремена реалност“ од доц. д-р Горан Китевски од Охрид

Нова книга: “ Привремена реалност“ од доц. д-р Горан Китевски од Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 04 Apr 2024

4 април, 2024 г. 

Нашето роднокрајно одделение а со тоа и одделот за возрасни деновиве е збогатен со неколку примероци од книгата “Привремена реалност“ од доц. д-р Горан Китевски роден во Охрид, во 1988 година.

Д-р Китевски основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што работи како доцент. Како автор и коавтор објавил повеќе научни и стручни трудови, и две стручни монографии.

Делото “Привремена реалност” е негово прво вонинституционално дело, објавено во 2023 година.

Се работи за монографија која содржи одбрани коментари кои третираат социо-економски и политички теми. Дел од нив имаат и автобиографски карактер, а вредно е да се напомене дека во книгата е сместен и автентично приредениот текст под наслов “Чувај се себеси” од  Григор Прличев, објавен во 1866 година.

Доцент д-р Китевски имаше средба и со директорот на нашата установа м-р Милчо Јованоски со кого разменија мислења за македонската литературна продукција а договорија и продлабочување на соработката на Библиотеката со академската фела вклучувајќи го и Институтот за географија.

НУ Библиотека