BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Нова дигитализирана книга„Жура за Жура“ ( автор Владо Жура )

август 12, 2023
in Нови книги
Нова дигитализирана книга„Жура за Жура“ ( автор Владо Жура )

12 август, 2023 г. 

Деновиве, по речиси три децении се појави ново необично издание на книгата „Жура за Жура“. Се работи за аудио и видео издание на оваа мошне барана книга која се уште привлекува постојан интерес меѓу љубителите на книгата.

Книгата здогледа светло благодарение на ентузијастот Климент Симончев, сопственик на ГЕНРЕП компанијата за развој на софтвери и софтверски консултации. Потфатот на Симончев е инспириран од фрагмент од книгата за Илинден.

Нова дигитализирана книга „Жура за Жура“ на авторот Владо Жура. Синтетичкиот глас прозборе на Охридско наречје. Книгата е своевидна интимна историја на Охрид. Таа е дотолку позначајна сега, во тековниот момент, од причина што го става човекот директно во премрежјата на војните и промените, надвор од интерпретацијата. Авторот е концизен во изразот, како што е и јасен во своите фотографии за Охрид, кои ги постира на дневна база. Оваа книга – лична хроника, верувам дека ќе ги „очовечи“ информациите кои веќе ги имате. Благодарност на Владо Жура, за споделенета книга и можноста да се дигитализира на поинаков начин, напиша во оваа прилика Симончев.

За книгата во предговорот д-р Никола Бошале ќе напише дека книгата која авторот Жура ја подготвил за својот татко претставува своевиден мозаик кој се одликува не толку со бројот од настани и информации, колку со квалитетот на работите што се искажале и кристализирале во кратки приказни за луѓе и настани, за судбини и табиети охридски.

Со оваа книга имаме урнек биографските и автобиографските содржини да се искажат сосема јасно и концизно, па така дури и се кристализираат небаре се легенди и преданија, животни искуства и проверени мудрости, вели Бошале.

Инаку, книгата имаше промоција во рамките на Прличевите Беседи 1995 година, доживеа две изданија, достапна е во сите поголеми библиотеки, а присутна беше и за бесплатно спуштање од интернет повеќе од десет години.

Дотолку позначајно е што книгава се појавува во ваков аудиовизуелен формат заедно со досега дигитализираните изданија на македонски јазик на книги од авторите Оскар Вајлд, Роберт Луис Ственсон, нобеловецот Кнут Хамсун, потоа Артур Шницлер, Петер Хантке , Роберт Кувер и др.

НУ Библиотека

Посетеност: 366
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 16, 2026
0
По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

        Во Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска  беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ На промоцијата д-р Ачкоска...

Read more

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

by Admin
април 1, 2026
0
По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца...

Read more

Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

by Admin
февруари 9, 2026
0
Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

Во рамките на „Прличевите беседи“2026 деновиве на авторот Братислав Ташковски му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски, за поемата „Темна кутија“ . Поемата може...

Read more

Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

by Admin
јануари 16, 2026
0
Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

          Книжевниот трезор на  Охрид е побогат за уште една стихозбирка. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“Охрид излезе од печат третата стихозбирка „Гороцвети“ од роднокрајната авторка...

Read more

Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

by Admin
декември 29, 2025
0
Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

 Деновиве од печат излезе книгата со афоризми, хуморески, епиграми и добри мисли „Детоксикација“ од роднокрајниот автор Крсте Шопоски во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Шопоски е...

Read more
Next Post
По Скопје и во Охрид промоција на „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“

По Скопје и во Охрид промоција на „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“

Поврзани вести

Читателите можат да комуницираат со Библиотеката и преку новата е – пошта

Читателите можат да комуницираат со Библиотеката и преку новата е – пошта

јануари 22, 2021
Излезе новиот број од електронското издание на списанието „Повод“од Сиднеј, Австралија

Излезе новиот број од електронското издание на списанието „Повод“од Сиднеј, Австралија

октомври 6, 2024
Нови автори , нови книги…

Нови автори , нови книги…

октомври 21, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 366

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?