Охрид-Короната го зголеми интересот за читање

Охрид-Короната го зголеми интересот за читање

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 04 Jan 2021

4 јануари, 2021 г. 

ВО ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 МЕЃУ ПРВИТЕ НА УДАР СЕ НАЈДОА БИБЛИОТЕКИТЕ.ПРВО СЕ ЗАТВОРИЈА ЧИТАЛНИТЕ А ОД СРЕДИНАТА НА МАРТ ЦЕЛОСНО И БИБЛИОТЕКИТЕ.КНИГОХОЛИЧАРИТЕ СЕ СНАОЃАА НА СВОЈ НАЧИН.ОД БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВЕЛАТ ДЕКА ОД ЈУНИ ПО ОТВОРАЊЕТО НА УСТАНОВАТА И ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СЕ ЗГОЛЕМИЛ И БРОЈОТ НА ЧИТАТЕЛИ И ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЧИТАЊЕТО КНИГИ. 

Корона кризата во годината што е зад нас ни ускрати многу задоволства.Многумина се жалеа на тоа колку им недостига пиењето кафе или друг пијалок во угостителските објекти,на други дружбата или пак други активности,но малкумина помислија како им е на зависниците од пишаниот збор.Огромно беше разочарувањето и за вработените и за сите кои ги обожуваат книгите кога во ист ден во март беа затворени сите библиотеки.А дека читателската публика и не е толку мала барем во Охрид покажа почетокот на јуни.

Милчо Јованоски-библиотекар-односи со јавност:

„И замислете овдека пред нашата библиотека редови како пред банките и поштите во неколкуте денови додека сета таа работа се стабилизира,додека луѓето ги вратија книгите,додека направија набавка на нови.Можам да речам дека оваа година на корона е во знакот на книгата,барем кај нас.И во зголемиот број на читатели но и на наслови кои ние им ги нудиме“.

Зголемениот број на читатели беше поттик охридската библиотека постојано да го обновува книжниот фонд па така годинава има над 2 000 нови библиотечни единици.Читаат луѓе од 7 до 77 години,а и овој пат се покажа дека книгата е вистински пријател.

Милчо Јованоски-библиотекар-односи со јавност:

„Можам да кажам дека литературата за деца,онаа училишна лектира е најбарана,но во ова време на корона се покажа дека луѓето кои се претежно од онаа средна генерација,на кои им недостига таа социјална сигурност или движење меѓусебно дека се посветени на книгите“,

„Новото нормално“ кое трае речиси една година беше поттик да се развива креативноста и професионалноста во охридската библиотека.На површина излезе недостатокот на е-изданијата поради што многу се работеше на воведувањето на информатичката технологија за што повеќе книги да им бидат достапни на вљубениците во читањето.

Извор: МРТВ

АВТОР – НОВИНАР : САШО НЕЛОСКИ

СНИМАТЕЛ И МОНТАЖА: ТОНИ НИЧЕСКИ