Светската критика за делото на Конески 100 год. од раѓањето на великанот од Небрегово
24 февруари, 2021 г. Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Светската критика за делото на Конески - 100 години од раѓањето на великанот од Небрегово“, во која се презентирани триесет текстови од истакнати писатели, критичари и научници од Велика Британија, Германија, Франција, Унгарија, Грција, Шпанија, Италија, Турција, Русија, Полска, Чешка, Данска, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија и др....