Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

21 февруари, 2021 г.

Јазикот е богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Во светот постојат околу шест илјади јазици (воодушевувачки нели), а на половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Мајчиниот јазик кој го знаеме и говориме уште од мали нозе е идентитетски поврзан со нас и нашето постоење, тоа е јазикот на кој ни зборуваат родителите, тоа е оној на кој ги учиме првите зборови и лесно го разбираме. 

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе. Последен што исчезнал е „ајак“, јазик што го зборувала жена која починала во 2008 на Алјаска.

Треба да го негуваме и чуваме ова културно наследство!

По повод денешниот ден споделуваме неколку цитати во чест на јазикот.

„Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески

„Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете“. – Л. Толстој

„Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа заминува во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце“. – Н. Мандела

„Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата“. – Џорџ Орвел

„Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“. – Џорџ Орвел

„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“. – Марк Твен

Поврзани вести

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”,традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и...

Read more
Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

На пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација денес во присуство на бројни гости, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Геориј, директори на национални и...

Read more
Валандовскиот патувачки културен караван во среда  ќе биде во Охрид

Валандово е мало гратче кое изобилува со историја, археологија и традиција во музиката. Кога зборуваме за Валандово, зборуваме за археолошките локалитети: Исар, Марвинци; Исар, Кулата; Стакина чешма. Зборуваме...

Read more
Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски" - Битола на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација". Конференцијата обедини...

Read more
Next Post

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?