BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Огледало

Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

ноември 5, 2025
in Огледало
Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

Во периодот од 23 до 25 октомври во Мостар се одржа Четвртата меѓународна научна конференција на библиотекари ,,Библиотеке за боље сутра”), на која учествуваа околу 100 библиотекари од 71 библиотека од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Република Српска.
На ова значајно собирно место на библиотечната мисла и пракса, нашата колешка, докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар имаше свое излагање на тема: ,,Мостови од речи: читање за бољу будучност”.


Таа беше единствената претставничка од Македонија, а свеченото отворање на конференцијата се одржа во Народниот театар во Мостар, на кое се обратија директорот на Народната библиотека Мостар, Претседателот на Советот на град Мостар, в.д. директорката на Националната и универзитетска библиотека на БиХ, а официјално конференцијата ја отвори министерот за финансии на Херцеговачко-неретванскиот кантон.


Особено е значајно што македонската претставничка на свеченото отворање на конференцијата беше свечено поздравена со две прекрасни македонски песни, што внесе емоција и симболика на пријателството меѓу народите.
Нашата  колешка Станкоска оствари  средба со претседателот на Советот на град Мостар – проф. д-р Џани Рахимиќ, со кого размени искуства и идеи за улогата на библиотеките во современото општество.

Исто така, таа даде изјава за државната телевизија на БиХ, во која говореше за важноста и значењето на конференцијата, како и за меѓународната соработка меѓу библиотеките во регионот.

НУ Библиотека

Посетеност: 622
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Од четврток летно работно време на НУ Библиотека „Григор Прличев“

by Admin
јуни 9, 2026
0
Повик за учество во новиот поетско – прозен Алманах на Роднокрајни автори

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од четврток  11  јуни ќе работи во една смена од 8:30 до 16:00 часот. Во терминот од 8:30 до 16.00 ч. Библиотеката...

Read more

Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

by Admin
мај 11, 2026
0
Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

Лани, во ноември во Скопје, Американскиот универзитет на Европа - ФОН  ја промовира книгата ,,Читањето не е бауч" од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска...

Read more

Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

by Admin
ноември 10, 2025
0
Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

Постојана заложба на вработените во нашата установа е комуникацијата со читателите и корисниците на нашите услуги да е на едно високо професионално ниво. Паралелно се  трудиме  да го...

Read more

Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

by Admin
септември 19, 2025
0
Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

                 Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка...

Read more

Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

by Admin
март 25, 2025
0
Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ  ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО  И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

За континуитетот на македонската книжевност постојат објавени студии, за него станува збор и во пошироките и општи книжевно - историски теми, во врска со кои се организирани и...

Read more
Next Post
Утре промоција на четири книги од најновото творештво од Бела Узелова

Утре промоција на четири книги од најновото творештво од Бела Узелова

Поврзани вести

Повик за учество во новиот поетско – прозен Алманах на Роднокрајни автори

Повик за учество во новиот поетско – прозен Алманах на Роднокрајни автори

април 16, 2026
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

јуни 13, 2025
Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

февруари 6, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 622

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?