Во периодот од 23 до 25 октомври во Мостар се одржа Четвртата меѓународна научна конференција на библиотекари ,,Библиотеке за боље сутра”), на која учествуваа околу 100 библиотекари од 71 библиотека од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Република Српска.
На ова значајно собирно место на библиотечната мисла и пракса, нашата колешка, докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар имаше свое излагање на тема: ,,Мостови од речи: читање за бољу будучност”.

Таа беше единствената претставничка од Македонија, а свеченото отворање на конференцијата се одржа во Народниот театар во Мостар, на кое се обратија директорот на Народната библиотека Мостар, Претседателот на Советот на град Мостар, в.д. директорката на Националната и универзитетска библиотека на БиХ, а официјално конференцијата ја отвори министерот за финансии на Херцеговачко-неретванскиот кантон.

Особено е значајно што македонската претставничка на свеченото отворање на конференцијата беше свечено поздравена со две прекрасни македонски песни, што внесе емоција и симболика на пријателството меѓу народите.
Нашата колешка Станкоска оствари средба со претседателот на Советот на град Мостар – проф. д-р Џани Рахимиќ, со кого размени искуства и идеи за улогата на библиотеките во современото општество.

Исто така, таа даде изјава за државната телевизија на БиХ, во која говореше за важноста и значењето на конференцијата, како и за меѓународната соработка меѓу библиотеките во регионот.
НУ Библиотека










