BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

февруари 6, 2021
in Актуелно
Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

6 февруари, 2021 г. 

Нашата Библиотека достојно и годинава и покрај пандемијата му се оддолжи на патронот. Во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи 2021“ во Охрид беше промовирана книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.  Промотор беше д-р Димитар Пандев.

-За ракописот „За Григор Прличев и неговиот 19 век“, поместена во оваа книга, во која нагласувајќи го доменот на интерес на   од Вера Стојчевска-Антиќ, јасно го оцртува стремежот за изрзување на посебен македонски јазик на македонските творци. Таа јасна желба, се надоврзуваме, кај Прличев се јавува по една негова ретроспетвна на сите јазични заложби на овие простори од преткирилометодиевско време во времето на црковнонародната борба во Македонија предводена од Григор Прличев и на Охридскиот заговор, – време во кое Прличев спокојно ги поминува последните свои денеови не без револуционерно друштво и не без песни со длабока христијанска интонација и не без граѓанско-револуционерен призвук. Прличев, имено, во тие денови, откако во претходниот бурно-неспокоен живот налик на брод фрлен на морска стихија, ќе ги воспее и Кузмана Капидан, и ќе беседи за Кирил и Методиј, и за Климент Охридски, низ песна ќе ги воспее подвизите на охридските заговорници, претходниците на илинденците.

Не би го кажал ова и не би го напишал, да не ја прочитав книгата на Вера Сточевска Антиќ, во чие подготвување значајна улога имаше и Милчо Јовановски. Книгата инспирира и отвора реминсценции, рече промоторот, прф. д-р Пандев.

-Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на моите научни истражувања се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик, рече авторката на книгата д-р Стојчевска – Антиќ.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и 13 автографски записи, документи, мислења од  м-р Милчо Јованоски.

– Уверен сум дека нема човек од Охрид кој е близок до книжевноста и јазикот а  кој на еден или друг начин не посакал да му се доближи условно речено на Прличевото време и да стави  камче во големиот мозаик сврзан со него . Ете мене искрено ми се исполни тој сон да творам за нашиот Прличев. Од дете, па до овие мои скоро шест децении  неколку пати сум ја читал Автобиографијата на Прличев и верувајте одново при секое читање сум откривал многу нови факти кои како првпат да ги читам. Тоа е доказ дека Прличев е слоевит автор. Тој со своите дела оставил неизбришлива трага во вкупната меморија на луѓето и тлото до каде што стигнал. Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Неговиот живот е преполн со плими и осеки. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Разочаран од постапките на луѓето околу него, згаснува неговиот живот.

Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците.  Оваа „книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Истражував и обелоденив  податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло кое за прв пат се објавува кај нас во печатена форма,  за најстарите изданија на негови значајни дела  кои ги поседува нашата библиотека, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитници на наградата за најдобра поема…  Секој мој текст започнува со некоја мисла на Прличев, рече Јованоски.

Автор на дел од фотографиите во книгата е Емил Јовановиќ, на една и академик Миле Миќуновќ. Уредник на книгата е директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев’ која се појавува и како нејзин издавач со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид а е печатена во „Ирис принт “ –  Струга.

Традиционално делегации од наши – колеги вработени во Библиотеката полагаат свежо цвеќе на гробот и на бистата пред нашата установа така беше и годинава.

Во делегациите беа: Христина Трпеска, Даниела Ристеска, Коста Трифуноски, Весна Симоноска, Мариче Боздоганова и Бети Лазеска – Симоноска.

НУ Библиотека

Посетеност: 426
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
ЛУБ  од Струмица распиша литературен конкурс „Карневалска магија“

ЛУБ од Струмица распиша литературен конкурс „Карневалска магија“

Поврзани вести

УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

ноември 11, 2021
Родени во април

Родени во април

април 20, 2021
Промоција на Алманах и ДВД Роднокрајни автори – аудио записи 2024

Промоција на Алманах и ДВД Роднокрајни автори – аудио записи 2024

јуни 18, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 426

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?