1 јуни, 2022 г.
Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа промоција на неколку сликовници од авторката Вера М Самарјанин. Тоа се нејзини најнови литературни записи сместени во едициите „Моите внучиња“ и „Басни“.
Извадоци од сликовниците пред присутните на промоцијата и првачињата од ООУ „Христо Узунов“ од Охрид нивните учителки Васка Палоска и Наташа Талевска презентираа колешките Христина Трпеска и Бети Лазеска – Симоноска.
Вера М Самарјанин во јавноста е позната како поет и писател и хуманитарец и непрекинато со години книгите кои ги објавува речиси во целост ги подарува.
Подоцна првачињата го разгледаа и отворениот оддел за издавање а колешките Весна Симоноска и Елена Станкоска ги поведоа и во најинтересното катче за нив – Детското одделение и ги поканија наскоро да станат членови на библиотеката.
Детската среќа и љубопитност најдобро се гледа од фотографиите.
НУ Библиотека