Во рамките на „Прличевите беседи“2026 деновиве на авторот Братислав Ташковски му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски, за поемата „Темна кутија“ . Поемата може да се зајми во библиотеката во Охрид.
За неговиот награден труд „Темна кутија“ самиот автор вели дека е лирско-исповедна поема, нешто што го напишал сега, но што долго време го носел во себе.
– Сега во изблик на творење, се случува она што се случува, ќе ги напишеш тие работи, но во во суштина тоа е поетско објаснување на борбата на доброто со лошото. Традиционално човекот од кога постои се бори, избира, пребира, се бунтува против она што се случува. Поемата има метафори, пеколот – рајот, небото- земјата, она што ги носи сите поети писатели низ времето. Многу се радувам што Комисијата се решила да ја награди токму мојата поема, рече лауреатот Ташковски.

Славе Ѓорѓо Димоски, претседателот на Комисијата што ја доделува наградата истакна дека од седумте поеми доспеани на конкурсот „Темна кутија“ уште при првото читање се издвоила, отскокнувајќи од останатите дела со своите поетски елементи, со логичкиот след на наративот од почеток до крај, вешто создавајќи слики во главата на читателот…
НУ Библиотека












