Саемот на книгата во Скопје се враќа во мај

Саемот на книгата во Скопје се враќа во мај

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 27 Mar 2022

27 март, 2022 г. 

Од 3 до 9 мај во А1 Арена „Борис Трајковски” ќе се одржи 34-то издание на Саемот на книгата, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа културна манифестација.

Организаторите најавуваат дека сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем број промоции и попусти за време на саемските денови. Учество на овој саем најавија и издавачки куќи од регионот.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.

НУ Библиотека