Проф. д-р Анис Сефиданис не’ внесе во светот на вештачката интелигенција и роботиката

Проф. д-р Анис Сефиданис не’ внесе во светот на вештачката интелигенција и роботиката

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 01 Jun 2022

1 јуни,2022 г. 

Интересна, впечатлива и сосема ненаметлива, вака може да се оцени првата од трите планирани средби на професор д-р Анис Сефиданис со заинтересираните посетители на предавањето и мултимедијална изложба одржана денеска во Прличевата одаја на иницијатива на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција, каде што вештачката интелигенција се очекува да го трансформира секој сегмент од нашиот живот, на еднаков или сличен начин како што тоа го направи електричната енергија, вели д-р Сефиданис од Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Денеска активни учесници во настанот беа и ученици од трета година во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“од Охрид заедно со својот ментор.

И следните две предавања планирани за утре и задутре напладне во Библиотеката, отворени се за сите заинтересирани кои ќе имаат можност да ги истражат можностите како и предизвиците на вештачката интелигенција.

Уникатната колекција на проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на ИБМ до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност.

Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт.

НУ Библиотека