Промовирани сликовници од авторката Вера М Самарјанин

Промовирани сликовници од авторката Вера М Самарјанин

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 01 Jun 2022

1 јуни, 2022 г. 

Вчера во  НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа промоција на неколку сликовници од авторката Вера М Самарјанин. Тоа се нејзини најнови литературни записи сместени во едициите „Моите внучиња“ и „Басни“.

Извадоци од сликовниците пред присутните на промоцијата и  првачињата од ООУ „Христо Узунов“ од Охрид нивните учителки Васка Палоска и Наташа Талевска  презентираа колешките Христина Трпеска и Бети Лазеска – Симоноска.

Вера М Самарјанин во јавноста е позната како поет и писател и хуманитарец  и непрекинато со години книгите кои ги објавува речиси во целост ги подарува.

Подоцна првачињата го разгледаа и отворениот оддел за издавање а колешките Весна Симоноска и Елена Станкоска ги поведоа и во најинтересното катче за нив – Детското одделение и ги поканија наскоро да станат членови на библиотеката.

Детската среќа и љубопитност најдобро се гледа од фотографиите.

НУ Библиотека