BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Италијанско катче во охридската Библиотека и македонско катче на книгата во Трентино

декември 13, 2021
in Актуелно
Италијанско катче во охридската Библиотека и македонско катче на книгата во Трентино

13 декември, 2021 г. 

Наскоро НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во „Прличевата одаја“ ќе отвори италијанско катче на книгата финансиски помоганто од италијанската  Конфедерација на работнички синдикати, локална работна комора на Трентино. (C.G.I.L Confederazione Italiana del lavoro temtoriale Trentino).

Ова, уште на крајот на август годинава  беше договорено на средбата помеѓу директорката на Библиотеката Гордана Змејковска и  Венко Трпески, синдикален службеник во одделот што ги следи градежните работници во Тренто а е по потекло од Охрид.

-Отворањето на катчето со италијанска литература ќе биде прво во намерата да се отворат и други  и ќе претставува продлабочување на врските помеѓу граѓаните од двата града Охрид и Трентино и уште поголема популаризација на италијанскиот јазик, вели носителот на проектот м-р Милчо Јовански од НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Со средства од италијанскиот синдикат направени се потребните полици, купени се еден компјутер и еден лаптоп.

 

Средбата беше искористена и за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Македонското културно друштво „Св. Кирил и  Методиј“од Трентино.

Библиотеката од Охрид и МКД од Трентино ќе соработуваат во областа на културата преку заеднички проекти во делот на развојот на библиотечната дејност, размена на книги, заеднички издавачки потфати, учество на промоции и саеми, презентација на македонскиот јазик, литература и култура.

Двете страни активно ќе се залагаат за ширење на македонската и италијанската, литература и автори на тлото на двете суверени држави.

Сите активности ќе бидат спроведувани преку посебни Проекти кои ќе ги водат вработени во Библиотеката  од Охрид и членови на Друштвото од Трентино.

Во знак на започнатата соработка НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на Македонското културно друштво од Трентино му донира книги од охридски и македонски автори како помош за отворање на библиотеката во рамките на друштвото.

НУ Библиотека

Посетеност: 363
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

Поврзани вести

На манифестацијата Деновите на поезијата во Скопје простор и за јубилејните годишнини на нашите роднокрајни автори Видически и Христова – Јоциќ

На манифестацијата Деновите на поезијата во Скопје простор и за јубилејните годишнини на нашите роднокрајни автори Видически и Христова – Јоциќ

мај 14, 2026
Се одржа Попладневно поетско матине

Се одржа Попладневно поетско матине

декември 29, 2022
Библиотеката од Струмица со конкурс „Миротоворецот“за поетска и прозна творба

Библиотеката од Струмица со конкурс „Миротоворецот“за поетска и прозна творба

мај 14, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 363

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?