Библиотеката од Струмица со конкурс „Миротоворецот“за поетска и прозна творба

Библиотеката од Струмица со конкурс „Миротоворецот“за поетска и прозна творба

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 14 May 2021

14 мај,2021 г. 

Се повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор од Р. Македонија да земат учество на наградниот конкурс кој традиционално го распишува Локалната установа библиотека ,,Благој Јанков Мучето” Струмица по повод родениот ден на нашиот трагично починат претседател и сограганин Борис Трајковски на тема: „МИРОТВОРЕЦОТ“

поетска и прозна литературна творба

 

За најдобрите состави во три категории се предвидуваат:

– една I награда

– една II награда

– една III награда

 

за ученици од основно образование

за ученици од средно образование

за студенти и возрасни творци

 

Конкурсот го објавуваме и ќе трае до 11 јуни 2021 година.

Творбите да се достават во Локалната установа библиотеката ,,Благој Јанков Мучето’’Струмица најдоцна до 11 јуни 2021 година.

Се известуваат сите учесници на наградниот конкурс, само темите исчукани на машина (компјутер) ќе бидат земени во обзир за учество на конкурсот, потпишани со шифра, а во друго плико да биде напишано името на учесникот и шифрата. Потоа ќе биде формирана комисија за евалуација на творбите, а наградените учесниците навреме ќе бидат известени.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25 јуни 2021 година во Струмица, а за тоа добитниците на наградите навремено ќе бидат известени пред доделувањето на наградите.