BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Успешно реализиран проектот „Читаме гласно и раскажуваме“

ноември 17, 2025
in Актуелно
Успешно реализиран проектот „Читаме гласно и раскажуваме“

Трета година во континуитет НУ Библиотека „Гргиор Прличев“ од трети до четиринаесетти ноември го спроведе проектот „Читаме гласно и раскажуваме“.

Уште од најрана возраст учениците треба да имаат изградено правилен однос кон македонскиот литературен јазик.Токму затоа е неопходно да се научат на правилно, убаво,содржински сликовито ,усно и писмено изразување како на сопствените мисли, така и на прочитаните текстови.

Токму тоа беше целта на проектот ,,Читаме гласно и раскажуваме ,“ чиј носител беше Бети Лазеска-Симоноска, библиотекар,стручен соработник во заштита на културното наследство во Одделението за стручна обработка на книжниот фонд во библиотеката.

Годинава дел од проектот беа ученци од  прво, второ и трето одделение од ООУ,,Св.Наум Охридски“ ПУ с.Коњско.

-Предизвикот беше навистина голем да се работи во ваква комбинирана паралелка. Дечињата не го криеја своето задоволство, па така, после секој завршен час ги искажуваа своите впечатоци од веќе прочитаниот текст. Неуморните првачиња со внимание го слушаа секој текст а, потоа нивните вредни рачиња ја изнесуваа прочитаната содржина преку цртежи, вели Лазеска – Симоноска и додава:

-Сепак, не ја изоставивме  можноста заедно со нивната одделенска наставничка Лила Каранфиловска на децата да им ја доближиме и Библиотеката.Па така, имавме час и во детското одделение на нашата Библиотека и во еден поинаков амбиент учениците имаа можност да читаат текстови со различна содржина. Се чувствуваа послободни од една страна,а од друга пак имавме можност да им покажаме од колкаво значење е тоа да имаат навика за посета на библиотеката уште од најмали нозе.

Проектот беше дел од Годишната програма за работа на библиотеката одобрена од Министерството за култура и туризам.

Се надеваме дека ваквите проекти и натаму ќе добиваат поддршка  со што ќе придонесат во надминување на тешкотиите со читањето и усното изразување и збогатување на  речникот на учениците.

Благодарност до директорката на ООУ,,СВ.Наум Охридски“ ,Валентина Рубаноска и одделенската наставничка  Лила Каранфиловска за топлиот прием со надеж за успешни понатамошни  соработки.

НУ Библиотека

 

 

Посетеност: 682
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Средба со Лили Бошевска промоција на романот „Самовилата со скршени крилја“

Средба со Лили Бошевска промоција на романот „Самовилата со скршени крилја“

Поврзани вести

Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

м-р Милчо Јованоски избран за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

јануари 20, 2022
Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

октомври 17, 2025
Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

септември 4, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 682

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?