м-р Милчо Јованоски избран за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

м-р Милчо Јованоски избран за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 20 Jan 2022

20 јануари, 2022 г. 

На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години  го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа.

Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2022 – 2026 година ја оцени како позитивна и со квалитетна развојна компонента.

Милчо Јованоски има завршено Филолошки факултет група македонски јазик и југословенска книжевност,  магистер е по медиуми и комуникации  а од неодамна го поседува и звањето виш библиотекар.

Зад себе има над три децениска кариера како новинар и публицист  а бил и главен и одговорен уредник и директор на Радио Охрид.

НУ Библиотека