Трета година во континуитет НУ Библиотека „Гргиор Прличев“ од трети до четиринаесетти ноември го спроведе проектот „Читаме гласно и раскажуваме“.
Уште од најрана возраст учениците треба да имаат изградено правилен однос кон македонскиот литературен јазик.Токму затоа е неопходно да се научат на правилно, убаво,содржински сликовито ,усно и писмено изразување како на сопствените мисли, така и на прочитаните текстови.
Токму тоа беше целта на проектот ,,Читаме гласно и раскажуваме ,“ чиј носител беше Бети Лазеска-Симоноска, библиотекар,стручен соработник во заштита на културното наследство во Одделението за стручна обработка на книжниот фонд во библиотеката.

Годинава дел од проектот беа ученци од прво, второ и трето одделение од ООУ,,Св.Наум Охридски“ ПУ с.Коњско.

-Предизвикот беше навистина голем да се работи во ваква комбинирана паралелка. Дечињата не го криеја своето задоволство, па така, после секој завршен час ги искажуваа своите впечатоци од веќе прочитаниот текст. Неуморните првачиња со внимание го слушаа секој текст а, потоа нивните вредни рачиња ја изнесуваа прочитаната содржина преку цртежи, вели Лазеска – Симоноска и додава:

-Сепак, не ја изоставивме можноста заедно со нивната одделенска наставничка Лила Каранфиловска на децата да им ја доближиме и Библиотеката.Па така, имавме час и во детското одделение на нашата Библиотека и во еден поинаков амбиент учениците имаа можност да читаат текстови со различна содржина. Се чувствуваа послободни од една страна,а од друга пак имавме можност да им покажаме од колкаво значење е тоа да имаат навика за посета на библиотеката уште од најмали нозе.
Проектот беше дел од Годишната програма за работа на библиотеката одобрена од Министерството за култура и туризам.

Се надеваме дека ваквите проекти и натаму ќе добиваат поддршка со што ќе придонесат во надминување на тешкотиите со читањето и усното изразување и збогатување на речникот на учениците.
Благодарност до директорката на ООУ,,СВ.Наум Охридски“ ,Валентина Рубаноска и одделенската наставничка Лила Каранфиловска за топлиот прием со надеж за успешни понатамошни соработки.
НУ Библиотека











