Утре – среда, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на литературно – уметничкиот настан „Самовилата со скршени крилја“. Всушност ќе се случи промоција на истоимениот роман од познатата македонска писателка Лили Бошевска од Битола.
-Романот Самовилата со скршени крилја на Лили Бошевска е вистинско патешествие низ еден имагинариум – свет каде што невозможноста не постои, а фантазијата ја води приказната. Оваа книга ги отвора вратите на магичниот свет на самовилите и ни покажува дека добрината, љубовта и вербата во себе секогаш можат да најдат пат до победата, ќе запише во рецензијата за романот Маја Митровска.
– Бошевска е искусен автор, кој знае како да допре до срцата на децата. Нивната енергија, искреност, живост и правичност ја инспирираат, и токму тоа нè поврзува – желбата да го зачуваме детскиот дух, да ги раскажеме приказните со топлина и да поттикнеме верба во добрината. Со оваа книга, таа не само што создава еден магичен свет, туку и нè учи дека секој од нас, без разлика на пречките, може да ги најде своите крилја и да продолжи да лета, ќе додава Митровска.
Настанот е дел од програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ и на него се поканети ученици и библиотекари од сите основни училишта во градот.
Како што ни соопшти авторката Бошевска утре во 12 часот, во Библиотеката. Општина Охрид ќе донира сопствени изданија за сите училишни библиотеки.
НУ Библиотека












