BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Запознајте ја Наташа Алексовска – Малечка и нејзиното творештво

декември 23, 2021
in Нови книги
Запознајте ја Наташа Алексовска – Малечка и нејзиното творештво

23 декември, 2021 г. 

Авторката Наташа Алексовска од Куманово позната во јавноста под псевдонимот Малечка неодамна ги донира своите пет книги поезија и проза во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“.

-Активно почнав да пишувам од јуни 2014 год. За неполни 2 месеци напишав 100 песни, коишто со 2 песни од македонски автори посветени на мене ги објавив во прва книга стихозбирка поезија: Посилна од судбината на крајот на 2014 год. Потоа се редат  и останати книги: збирка кратки раскази: Трепетот на душата – 2016 год. Роман: Танц од воздишки – 2018 год. Комбинирана книга од поезија и проза во џебно издание: Гласот – 2018 год. Како и најнова книга збирка кратки раскази во џебно издание: Куфер од желби – 2021 год. Од прва книга се потпишувам под псевдоним – Малечка, поради оригиналноста што сакам да остана препознатлив печат за моите книги.

Имам учествувано на многу конкурси во и надвор од моја држава, за коишто сум добила благодарници, признанија.

Во 2015 год.:

– На конкурсот организиран од Фондацијата „Петров“ насловен „Жена, љубов, човек, вино, надеж“ освоив 1. место за песната „Која сум јас без тебе?“;

– По повод 20 дена од смртта на доајенот на битолското и македонско новинарство Димитар Димитровски-Такец од Фондацијата „Такец“ освоив 1. награда за песната „Прегратка“;

– По повод 1 септември – денот на раѓањето на доајенот на битолското и македонско новинарство Димитар Димитровски-Такец, од Фондацијата „Такец“, на тема „Го љубам животот“, освоив 2. место за есејот „Го љубам мојот живот“;

Во 2016 год.:

– На конкурсот од Фондацијата„Такец“, по повод една година од смртта на доајенот на македонското и битолското новинарство Димитар Димитровски-Такец, освоив награда за расказот „Те сакам“.

Во 2018 год. во организација на тим веб-порталот ХОРСЕ РИДЕР на првиот поетски конкурс на слободна тема, се најде мојата песна „Као једно“ во електронскиот зборник на поезија СЛОБОДА, и затоа добив благодарница.

Во 2018 год. во организација на 6 сезона Мили Дуели – Интренационални ОНЛИНЕ поетски контест за земји од Балкан и дијаспора во БИХ, стигнав до 3. круг со 3 песни на македонски и српски јазик: 1. „Да бидеме едно“/„Као једно“, 2. „Бакнеж“/„Полјубац“, 3. „Кажи да на љубовта“/ „Рецимо да лјубави“, и исто така добив признание.

Во организација на тим веб-порталот ХОРСЕ РИДЕР во август 2018 год. на првиот прозен конкурс на слободна тема, во електронскиот зборник на проза – БЕЗ КОРМИЛА се најде мојот расказ „Звук клавира“ или на македонски јазик „Звукот на клавирот“ и затоа добив благодарница.

Во август 2019 год. на 8. Конкурс књижевног стваралаштва на народном говору – дијалекту „Преображенско појање 2019“ за 3 песни на кумановски дијалект освоив 1. место.

Во декември 2020 год. на страницата „Поезија на Софија“, во проектот „Уметноста никогаш не умира“ во антологијата„Замрзнати поеми“ со главен мотив зима се најде мојата песна „Песна за љубовта“. Добив сертификат, вели Алексовска.

Во интервју за порталот ringeraja.mk Малечка ќе рече:

-Отварајќи си ја душата, пишувам за мојата најголема болка, моето страдање, насликано низ бројни нијанси на воздишки… Откривајќи ги најдлабоки желби, своите вечни надежи..  само ни открива колку е всушност силна! Со верба во себе! Со радост и љубов кон животот! Подготвена  да се предаде најискрено на пријател и да даде се’ од себе – сета своја љубов, која од срцето на оваа Малечка жена извира во изобилство!

Гордо ги негува спомените уште од времето кога одела во градинка, доживува симфонија од емоции кон секое годишно време, и иако напати се чувствува како птица во кафез, се гуши од кнедлите кои и стојат во грло, ја носи на грб тежината на својот кревет со кој другарува повеќе од што еден млад човек заслужува, а од желби има само неколку  скромни -здравје, топол, скромен дом, семејство во кое владее безрезервна љубов и искрени пријателства.

Книгите се, можеби мали по формат и по страници, но се големи, длабоки, тешки. Зошто најтешко е да си ја отвориш душата, а уште потешко е да го направиш тоа пред други, пишува ringeraja.mk

Книгите ги издава сама. Се продаваат по симболична и пристапна цена и може да ги нарачате на нејзините фејсбук и инстаграм профили, а исто така се достапни и на Македоника a отсега можат да се зајмат и во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

НУ Библиотека

Посетеност: 323
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 16, 2026
0
По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

        Во Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска  беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ На промоцијата д-р Ачкоска...

Read more

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

by Admin
април 1, 2026
0
По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца...

Read more

Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

by Admin
февруари 9, 2026
0
Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

Во рамките на „Прличевите беседи“2026 деновиве на авторот Братислав Ташковски му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски, за поемата „Темна кутија“ . Поемата може...

Read more

Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

by Admin
јануари 16, 2026
0
Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

          Книжевниот трезор на  Охрид е побогат за уште една стихозбирка. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“Охрид излезе од печат третата стихозбирка „Гороцвети“ од роднокрајната авторка...

Read more

Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

by Admin
декември 29, 2025
0
Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

 Деновиве од печат излезе книгата со афоризми, хуморески, епиграми и добри мисли „Детоксикација“ од роднокрајниот автор Крсте Шопоски во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Шопоски е...

Read more
Next Post
Вечерва во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“

Вечерва во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“

Поврзани вести

Од денеска Библиотеката „Григор Прличев“ отворена за читателите

Од денеска Библиотеката „Григор Прличев“ отворена за читателите

јули 6, 2020

Книгата е сон што го држиш во раце – Нил Гејман

јануари 14, 2021
„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

декември 14, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 323

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?