Актуелно

Креативна работилница за изработка на честитки по повод 8 Март

Креативна работилница за изработка на честитки по повод 8 Март

5 март, 2025 г. Традицијата продолжи НУ Библиотека  „Григор Прличев“  во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид  денес организираше креативна работилница за деца, посветена на празникот на жената 8 Март. Учениците од V a  одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ заедно со одделенската наставничка Ружица Маноска  вредно работеа и изработија осмомартовски честитки. Со нив беа и Елена Обухова претставничка од...

Писателите за писателот Тоде Илиевски

Писателите за писателот Тоде Илиевски

5 март, 2025 г.  Утре , четврток на 6 март од 12.00 часот  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  ќе се соберат колегите писатели и колегите од библиотеката и  преку настанот „Писателите за писателот Тоде“ преку избор од негови песни и свои стихови ќе  се потсетат на животот и творештвото на покојниот Тоде Илиевски.  Да беше жив на 7 март Тоде ќе...

Денес во Библиотеката: „Дијабетско стапало, дијагноза и третман“ предавач беше д-р Арсо Митрески

Денес во Библиотеката: „Дијабетско стапало, дијагноза и третман“ предавач беше д-р Арсо Митрески

4 март, 2025 г. Библиотеките како установи одамна во светот а и кај нас ја имаат надминато фазата да бидат само класични библиотеки во кои се оди во читална или едноставно да се зајми и врати зајмената книга. -Светска а и наша интенција последниве години е Библиотеката да стане дневна соба за нашите сограѓани, се разбира толку колкави што се нашите моментални можности....

Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски

Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски

26 февруари, 2025 г.  Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски.  -Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печат стихозбирката НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ од Љубен Цветкоски. Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува...

Промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ израз на најдлабоката човечка болка

Промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ израз на најдлабоката човечка болка

25.2.2025 г. Утре, среда од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски. Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид  ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него....

Беседата  „Чувај се себеси“ “ под шифра: „1111“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2025

Годишната програма за работа на институцијата за 2025 г.

24 февруари, 2025 г.  Со клик на линкот погледнете ја и целосната програма за работа на нашата библиотека за оваа 2025 година, проектите од национален интерес во културата финансирани од Министерството за култура и туризам.  Годишната програма за работа на институцијата за 2025 г. НУ Библиотека

Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

20 февруари, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа 2025 година конкурираше со 25 проекти а ќе добие близу 1 160 000 денари за реализација на 17 проекти во кои Министерството за култура и туризам го препозна националниот интерес. Во годишната програма за работа на Библиотека и годинава доминираат 15 проекти од библиотечната дејност. Радува фактот што Комисиите и министерот...

Заедно да ја креираме набавната политика на нови книги во оваа 2025

Заедно да ја креираме набавната политика на нови книги во оваа 2025

19 февруари, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи. Со годишната програма работа на нашата установа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари токму за набавка на нови наслови од сите области. Ви оставаме простор почитувани читатели...

Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

11 февруари, 2025 г. Утре – среда од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска. Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелеска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови. Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре а во...

Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“  со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од  смртта на патронот

Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од смртта на патронот

6 февруари 2025 г. Духот на Прличев е се’ уште жив преку неговото дело . Охриѓани се посебно горди на поетот и преродбеник кој во многу нешта го наследил Свети Климента а учел и дружел од и со Миладиновци. По изведбата на култните стихови од поемата „Сердарот“ обраќање  имаше в.д. директорката на Библиотеката Христина Трпеска, таа поздравувајќи ги присутните рече: „ Националната установа...

Page 4 of 29 1 3 4 5 29

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?