Актуелно

Се одржа Регионалниот  натпревар „Млади библиотекари“

Се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

На повик на нашата Библиотека на натпреварот „Млади библиотекари’ учествуваа 16  ученици од  седум Основни училишта:  „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, Лескоец, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, Велгошти „Св. Климент Охридски“, „Дебрца“,  Белчишта и „Св. Наум Охридски“, Пештани. Натпреварувачите претходно подготвениот текст го  одговараа во текот на еден час и се потпишаа со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан...

Промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

Промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

8 април, 2025 г. Утре, среда 9 април од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески. Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески а свое обраќање ќе има и авторот Костески. Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите....

Го одбележавме Светскиот ден на литературата за деца

Го одбележавме Светскиот ден на литературата за деца

2 април, 2025 г. По повод Втори април – Светскиот ден на литературата за деца  НУ Библиотека „Григор Прличев“  денеска организираше  интересен интерактивен настан во кој се споија литературата и цртањето. Гостинка во Библиотеката беше поетесата Светлана Каланоска- Котевска од Охрид. Беа промовирани  двете нејзини стихозбирки за деца: „Убава е природата со жуборот на водата“ и „ Да растеме заедно“ во издание на...

Со промоција на две стихозбирки од Светлана Котевска ќе го одбележиме 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца

Со промоција на две стихозбирки од Светлана Котевска ќе го одбележиме 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца

1 април, 2025   Во чест на Втори април – Светскиот ден на литературата за деца  НУ Библиотека „Григор Прличев“  утре ќе организира интересен интерактивен настан во кој се споени литературата и цртањето. Гостинка во Библиотеката ќе биде поетесата Светлана Каланоска- Котевска од Охрид. Ќе бидат промовирани  двете нејзини стихозбирки за деца: „Убава е природата со жуборот на водата“ и „ Да растеме...

Промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак

Промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак

28 март, 2025 г.  Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“  во Охрид беше промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак. Промотри беа проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски а извадоци од расказите читаше Александра Алексијевска. Промоцијата ја отвори в.д директорката на Библиотеката , Христина Трпеска: -Среќни сме и почестени пред се’ со Вашето присуство и секако со...

Утре, промоција на книгата „ Пред црковните порти “ од Смиле Наумовски – Брсјак

Утре, промоција на книгата „ Пред црковните порти “ од Смиле Наумовски – Брсјак

27 март, 2025. г НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид во чест на денот кога Прличев во Атина е овенчан со ловоров венец за поемата „Сердарот“ утре, петок на 28 март организира промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак. Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот...

Прличев, на денешен ден во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“и наречен Втор Хомер

Прличев, на денешен ден во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“и наречен Втор Хомер

25 април Точно пред 165 години, далечната 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”. Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната...

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани за идната недела

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани за идната недела

16 март, 2025 г.  Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани  и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува неколкуте настани планирани за идната недела.  -Ова е тежок ден за Македонија. Со длабока тага ја примив веста за трагедијата во Кочани. Загубата на толку многу...

Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

13 март, 2025 г. Утре, петок од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот  на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ЛК „Деница“ започнуваат заеднички проект „За поубав свет“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ЛК „Деница“ започнуваат заеднички проект „За поубав свет“

7 март, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Лајонс клубот „Деница“  од Охрид во текот на оваа 2025 година  преку проект поддржан од Министерството за култура планира да реализира повеќе средби со активистки, но и други заинтересирани граѓани. На трибините под наслов „За поубав свет“  ќе се обработуваат теми од животот и секојдневието користејќи ги личните искуства на присутните но...

Page 3 of 29 1 2 3 4 29

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?