BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од смртта на патронот

февруари 6, 2025
in Актуелно
Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“  со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од  смртта на патронот

6 февруари 2025 г.

Духот на Прличев е се’ уште жив преку неговото дело . Охриѓани се посебно горди на поетот и преродбеник кој во многу нешта го наследил Свети Климента а учел и дружел од и со Миладиновци.

По изведбата на култните стихови од поемата „Сердарот“ обраќање  имаше в.д. директорката на Библиотеката Христина Трпеска, таа поздравувајќи ги присутните рече:

„ Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ оваа 2025 година одбележува 75 години откако го носи името на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Почетоците на библиотечната дејност во Климентовиот и Прличев град датираат многу одамна уште од 19. век, кога охридскиот терзија Ангел Групчев за кого Прличев рекол дека е “најучениот тогаш маж“, во својот дуќан во охридската чаршија, отворил читалиште кое привлекло големо внимание и предизвикало интерес кај граѓаните.

Патронен празник на Библиотеката, рече Трпеска  е токму денешниот  6-ти февруари, денот  кога починал познатиот охридски писател Прличев.Годинава се навршуваат 132 години од смртта на патронот.  Од 1952 година Библиотеката токму на овој ден ги организира „Прличевите беседи“ и ја одржува традиционалната Прличева визита.

Оваа година минува во знакот на уште два други датуми 195 годишнината од раѓањето на Прличев и 160 годишнината од изборот на поемата „Сердарот“ за најдобра на конкурсот во Атина.  Нашето мото оваа 2025 година е ЧУВАЈ СЕ СЕБЕСИ како што одамна рекол Прличев.  Итаме кон нови годишнини, јубилеи и успеси,“рече Трпеска.

Присутните со посебно внимание го од одгледаа  видео интервјуто со проф. д-р Георги Сталев – Поповски првиот препејувач на поемата „Сердарот“ во форма на стих на македонски. Со д-р Сталев разговараше м-р Милчо Јованоски.

Беседата „Ние и Прличев“ од проф. д-р Александра Ѓуркова ја прочита  професор Марија Стрезовска.

Александра е потомок на Прличев по ќерка му Деспина, исто како и нејзината мајка Лилјана Минова – Ѓуркова е македонист, лингвист и искрен продолжувач на делото на својот славен предок Прличев – Вториот Хомер.

Таа во својата беседа специјално напишана за денешниот настан вели:

„Нема сомнение дека да се биде еден од потомците на Григор Прличев, дел од семејството, претставува за мене безмерна чест и радост. А, истовремено ме исполнува и со огромно чувство на долг кон ликот на Григор Прличев и кон целото семејство. Ќерката на Григор Прличев, Деспина Прличева, нашата прабаба (моја и на мојот брат Игор) била исклучително силна жена и е целосно заслужна за сочувувањето на еден значаен дел од оставината на Григор Прличев, која потоа и со помош на нашата баба, Ружа Попсимова Минова, била предадена за обработка и чување во Архивот на МАНУ.  Нашата мајка, Лилјана Минова-Ѓуркова преку целиот свој научен опус во македонската лингвистика ѝ се посвети целосно на македонистиката, притоа имајќи ги како главен двигател сите Прличеви стремежи и идеали. Мојата насоченост кон изучувањето на класичните јазици, на старословенскиот и црковнословенскиот јазик ми понуди значајна основа кон изучувањето на делата на Григор Прличев, пред сè на преведените Хомерови епови, на неговата „Кратка словенска граматика“, на неговите беседи и сл. Всушност, со времето се покажува дека истражувањеот на Прличевите дела секогаш изобилуваат со инспирација“, напиша д-р Ѓуркова.

Денеска директорката Трпеска на двајца пријатели на библиотеката д-р Миќуновиќ и д-р Тунтев им врачи пригодни признанија за нивната континуирана соработка и поддршка.

Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ има 126 книги најголем дел од областа на медицината, но и популарни во чија срж е човекот, природата преточена и преку фотографии најчесто од нашиот Охрид.

Во издание на нашата библиотека се дури 44 книги а лани кога во Македонска Каменица на фестивалот ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА го добивме признанието за Библиотека со најмногу издадени книги од домашни автори  за 2024 година на нашата листа беа дури 4 книги од д-р Миќуновиќ . Тој е и почесен член на Библиотеката.

Доктор Зоран Тунтев е  редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Тој е познат туристички водич но и хуманитарец. Активен член и двигател е на Лајонс клубот ЛИХНИДОС кој лани одбележа деценија и пол од постоењето.

Благодетта од охридските Лајонс клубовите нашата библиотека во јавна корист ја има почувствувано а д-р Зоран Тунтев во неговата мисија за осветлување на сите важни спомен обележја меѓу кои и споменикот на нашиот Прличев пред библиотеката е упорен наспроти вандалите кои не застануваат и ги уништуваат и крадат рефлекторите.

Настанот продолжи со доделувањето на наградата од третиот по ред Конкурс за најдобра беседа на млад автор до 30 години на тема: „Чувај се себеси“. Жирито за најдобра ја прогласи истоимената поема, дело на младата Ева Ивановска од Делчево. Љубинка Михајловска во името на комисијата рече: „Младата Ева Ивановска зрело размислува за соочувањето на младите со сите притисоци од пријателите , од социјалните мрежи, од очекувањата на другите, притисоци кои не се во согласност со личниот живот и кои наметнуваат да не бидеш она што си. Но, со своја сила и потенцијалот што го носат , таа порачува да не се дозволи негативноста да надвладее“

Директорката на библиотеката Христина Трпеска и’ врачи ваучер од 9000 денари и посебно признанае на добитничката и и’ посака уште успешни творечки денови.

Приустната публика со внимание ја проследи беседата на 18 годишната Ивановска.

Свое обраќање имаше и Олга Прличева од Софија која секоја година не пропушта да е дел од манифестацијата „Прличеви беседи“ која е во чест на нејзиниот славен предок.

Традиционално „Прличевата визита“ заврши со локум , суво грозје, леблебија и охридска староградска песна.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ беше финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид.

НУ Библиотека Охрид

Посетеност: 635
Share36
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

Поврзани вести

Започнаа подготовките за натпреварот „Млади библиотекари 2024“

Започнаа подготовките за натпреварот „Млади библиотекари 2024“

март 20, 2024
Во „Прличевата одаја“ промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска

Во „Прличевата одаја“ промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска

август 7, 2024
Постхумно во Струга промовирани две книги од писателот Петко Шипинкаровски

Постхумно во Струга промовирани две книги од писателот Петко Шипинкаровски

октомври 5, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 635

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?