BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Денес во Библиотеката: „Дијабетско стапало, дијагноза и третман“ предавач беше д-р Арсо Митрески

март 4, 2025
in Актуелно
Денес во Библиотеката: „Дијабетско стапало, дијагноза и третман“ предавач беше д-р Арсо Митрески

4 март, 2025 г.

Библиотеките како установи одамна во светот а и кај нас ја имаат надминато фазата да бидат само класични библиотеки во кои се оди во читална или едноставно да се зајми и врати зајмената книга.

-Светска а и наша интенција последниве години е Библиотеката да стане дневна соба за нашите сограѓани, се разбира толку колкави што се нашите моментални можности. Таа е и уште повеќе ќе треба да биде отворена кон сите генерации и возрасти. Со понудените содржини сами и еве сега на пример со Здружението на лица со дијабет во пракса го покажуваме тоа.  Деновиве со  Здружението на лица со дијабет  потпишавме Меморандум за меѓусебна соработка.

Со овој Меморандум се дефинирани активностите помеѓу Здружението на лица со дијабет и Библиотека ,,Григор Прличев“ како и моделите на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и корист за двете страни, рече директорката Христина Трпеска.

Резултат на таа соработка е и првиот успешен настан, трибината на тема:

„Дијабетско стапало, дијагноза и третман“ што го одржа д-р Арсо Митрески, специјалист – хирург во пензионер, дијабетичар. Тој одговараше на прашањата на присутните а претходно во постер презентацијата рече:  Дијабетското стапало е збир на промени во меките ткива и коските на стапалата на луѓето кои боледуваат од дијабетес.

За да настане дијабетично стапало како причина од постоечкиот диајабет претходно  се случуваат следниве промени на долните екстремитети:

Невропатија оштетување на периферните нерви на долните ехтремитети

Исхемија слаба циркулација во артериите на долните екстремитети

Инфекција контаминација на спомнатите промени со патогени причинители и тоа бактерии,габи и други микроорганизми.

Дијабетското стапало се развива

*Како резултат на оштетување на периферните нерви – невропатија

* Како резултат намалена циркулација во долните екстремитети – исхемија

* Како резултат во завршна фаза на инфекција.

Во зависност од присутните фактори, можеме да разликуваме невропатско и невроисхемично дијабетско стапало.

Симптоми кои можат да се појават кога има намалена циркулација во долните екстремитети се

  • Болка и грчеви во мускулите на нозете при одење кои се намалуваат за време на одмор
  • Во завршна фаза, болка во стапалото и долниот дел на ногата во мирување
  • Ладни стапала
  • Тенка кожа
  • Бавно зараснување на раните
  • Намалување или отсуство на влакна во регии каде треба да растат

Фактори на ризик за развој на дијабетична нога се:

  • Возраста на пациентот и времетраењето на дијабетес над 10 години
  • Лоша регулација на шеќерот во крвта (>10 ммол)
  • Атеросклероза на артериите на долните екстремитети
  • Сензорни нарушувања – невропатија
  • Пушењето
  • Дебелината
  • Злоупотреба на алкохол
  • Физичка неактивност
  • Недоволна едукација за дијабетес и нега на стапалата
  • Носење несоодветни обувки
  • Деформации на мускулно-скелетниот систем
  • Несоодветно оптоварување на стапалото
  • Професионална изложеност на стапалата на студ и вибрации
  • Повреда (траума) на стапалото и/или долните екстремитети

Дијабетесот не е само мал здравствен проблем – тоа е сериозна, долгорочна состојба која погодува милиони луѓе ширум светот. Ако не се контролира, може да доведе до тешки компликации, вклучувајќи срцеви заболувања, откажување на бубрезите, слепило, па дури и ампутации поради слаба циркулација.

Една од најголемите опасности од дијабетес е тоа што тој често се развива тивко. Многу луѓе не сфаќаат дека го имаат додека не се случи сериозна штета. Високото ниво на шеќер во крвта со текот на времето може да им наштети на виталните органи, зголемувајќи го ризикот од мозочни удари и оштетување на нервите.

Сепак, добрата вест е дека дијабетесот може да се контролира со промени во животниот стил, лекови и редовни прегледи. Здравата исхрана, вежбањето и соодветните лекови можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и да се спречат компликации. Раното откривање е клучно, така што редовниот скрининг е од суштинско значење, особено за оние со семејна историја на дијабетес.

Д-р Арсо Митрески ја вазрши презентацијата како што ја започна: – Три во едно. Најдобри доктори на светот се доктор ДИЕТАТри во едно .Најдобри доктори на светот се доктор Диета, доктор МИР и доктор РАДОСТ.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 400
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Писателите за писателот Тоде Илиевски

Писателите за писателот Тоде Илиевски

Поврзани вести

Почина новинарот и публицист Владо Жура

Почина новинарот и публицист Владо Жура

ноември 2, 2025
„Светот и јас“ трета стихозбирка од Марина Икономова Шокева

„Светот и јас“ трета стихозбирка од Марина Икономова Шокева

мај 9, 2021
Многу смеа и џагор на Сатиричната работилница за деца во нашата Библиотека

Многу смеа и џагор на Сатиричната работилница за деца во нашата Библиотека

октомври 3, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 400

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?