Конески: „Јазикот е нашата татковина“ – 77 години од усвојувањето на македонската азбука
5 мај, 2022 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма денеска го одбележа 5 Мај–Денот на македонскиот јазик. На 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик. По два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот Правопис на македонскиот јазик. Владата на Република Северна Македонија во...