Нашата библиотека од утре ќе работи како библиотека од отворен тип

Нашата библиотека од утре ќе работи како библиотека од отворен тип

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 19 Apr 2022

19 април, 2022 г. 

Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20 април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.

Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот.

На 26 април, вторник во 12 часот,  во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател , како најчитаните домашни и странски автори и книги.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот.

НУ Библиотека