Утре, Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка
19 јуни,2025 г. Во дводневна посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице – Република Хрватска. Утре во 11 часот во Прличевата одаја директорките на двете установи Христина Трпеска и Марија Буха ќе потпишат Протокол за соработка. Планирана е соработка во подобрувањето на научните, стручните, образовните, издавачките и културните...