13 јануари, 2021 г.
Годинашнава понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја започнуваме со осум нови наслови. Доминира белетристиката и сите осум книги зад насловите „кријат“ интересни и несекојдневни приказни од кои човек може понекогаш и да извлече поука.
Еве ги насловите и авторите кои уште од денеска ќе можете да ги побарате во нашата библиотека: „Сурова љубов“ од Колин Хувер во издание на Сакам книги, „Патриотска закана“ и „Митот за Линколн од Стив Бери, „Генијални лаги“ и „Приватни скандали“ двете од Нора Робертс, „Сестрите Романови“ од Хелен Рапапорт сите од издавачката куќа Култура. Наша препорака се и романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова – Темплум и сликовницата за деца „Мојата куќа“ во издание на Просветно дело.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува традицијата дури и виртуелно поради пандемијата со Ковид – 19 со одбележување на родендените на роднокрајните автори.
Јануари е богат со родендени и потсетуваме на имињата на славениците: Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.
Нивните дела имаат посебно место во нашето Роднокрајно одделение и во секој миг можат да се препрочитаат и побараат за да се потсетите или некои од вас за прв пат да се сретнат со нивниот стил на пишување и откривање на нивното творештво во кое централно место има Охрид.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за задолжителната корона дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот.
Годишното членство за возрасни е 300 а во одделот за деца – ученици е 200 денари.
НУ Библиотека