Нови книги и роднокрајни автори родени во јануари

Нови книги и роднокрајни автори родени во јануари

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 13 Jan 2021

13 јануари, 2021 г. 

Годинашнава понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја започнуваме  со осум нови наслови. Доминира белетристиката и сите осум книги зад насловите „кријат“ интересни и несекојдневни приказни од кои човек може понекогаш и да извлече поука.

Еве ги насловите и авторите кои уште од денеска ќе можете да ги побарате во нашата библиотека: „Сурова љубов“ од Колин Хувер во издание на Сакам книги, „Патриотска закана“ и  „Митот за Линколн од Стив Бери, „Генијални лаги“ и „Приватни скандали“ двете од Нора Робертс, „Сестрите Романови“ од Хелен Рапапорт сите од издавачката куќа Култура. Наша препорака се и романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова – Темплум и сликовницата за деца „Мојата куќа“ во издание на Просветно дело.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува традицијата дури и виртуелно поради пандемијата со Ковид – 19 со одбележување на родендените на роднокрајните автори.

Јануари е богат со родендени и  потсетуваме на имињата на славениците: Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.

Нивните дела имаат посебно место во нашето Роднокрајно одделение и во секој миг можат да се препрочитаат и побараат за да се потсетите или некои од вас за прв пат да се сретнат со нивниот стил на пишување и откривање на нивното творештво во кое централно место има Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за задолжителната корона дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот.

Годишното членство за возрасни е 300 а во одделот за деца – ученици е 200 денари.

 

 

НУ Библиотека