Победнички на годинашниот Регионален натпревар „Млади билиотекари“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се: Бојана Башоска, со ментор Марина Димовска, од ООУ Св. „Наум Охридски“, с. Пештани и Јана Билбилоска со ментор Катерина Најдеска од ООУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, двете имаа идентичен број на поени.

Тие ќе го претставуваат Охрид на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ во организација на Библиотекарското здружение на Македонија закажан за 15 мај во Домот на културата ,,Драги Тозија’’ во Ресен.
Да потсетиме на Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари“ учествуваа 14 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца.

Натпреварувачите се потпишуваа со шифра, а за прегледувањето на тестовите го спроведе комисијата во состав: Никола Ристовски, Бети Лазеска-Симоноска и Елена Станкоска од НУ Библиотека – Охрид.
НУ Библиотека












