BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Одбележан 2 април Светскиот ден на литературата за деца

април 2, 2026
in Актуелно
Одбележан 2 април Светскиот ден на литературата за деца

Со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на литературата за деца.

Секој 2 април, на роденденот на големиот раскажувач Ханс Кристијан Андерсен, светот го одбележува Светскиот ден на литературата за деца.

-Овој ден е посветен на магијата на зборот, на бајките што нè водат во светови полни со фантазија, добрина и поука, и на сите автори кои со својата имагинација го збогатуваат детството. Литературата за деца има посебна вредност – таа не само што забавува, туку и воспитува, учи и инспирира. Преку бајките, децата ги откриваат разликите помеѓу доброто и злото, учат за храброст, пријателство, љубов и правда, отворајќи го настанот рече Христина Трпеска, директор на Библиотеката и додаде:

– Македонската литература за деца, исто така, има богата традиција. Народните македонски бајки, пренесувани од генерација на генерација, се вистинско богатство полно со мудрост и народна фантазија. Покрај нив, значајни се и делата на македонските автори како Ванчо Николески, Славко Јаневски, Видое Подгорец, Киро Донев,  Горјан Петрески,  Глигор Поповски, и други, кои создадоа незаборавни приказни за најмладите читатели.

Овој ден е потсетник колку е важно децата да растат со книга во рака. Читањето бајки го развива јазикот, креативноста и љубовта кон литературата. Да им подариме на децата приказни – затоа што секоја прочитана бајка е чекор кон побогат и поубав свет, заклучи директорката Трпеска.

-Роднокрајната авторка Божана Атанасова е родена 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ ( 2013) , „Водици“ ( 2016) , „Талкачи по виножитото“ ( 2016), „Во приквечерината“ ( 2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.  Тоа значи дека има долг пишувачки стаж, но далеку од очите на медиумите и јавноста. Иако најголемиот дел од книгите на еден или друг начин допреле до охриѓани а и пошироко.

Оваа најновата е посветена на внуците, но на сите нечии внуци и деца под наслов „Тапшин танана“во издание на охридската Библиотека содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но се и инспирирани од секојдневието на авторката Атанасова со нејзините внуци Димитри и Искра кои сега се возрасни луѓе, кажа во промотивната реч м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар. Според него  целото животинско царство чиниш живее во книгата на Божана и тоа во хармонија. Таква е намерата на авторката, всушност бајките секогаш имаат среќен крај.

За полесно да ги разбереме ситуациите и поуките кои зрачат од секоја прочитана приказна, Божана вешто како што тоа е закон во приказните на животните им ја дава моќта на зборот и често во дијалог се наоѓаат животните меѓу себе ама и со луѓето.

Книгата ја красат заспивалки и сонувалки, Атанасова со ова свое најново прозно дело влегува во галеријата од охридски автори кои пишувале или пишуваат за деца.

Приказни од книгата „Тапшин танана“ читаше библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, а беше прочитана и светската порака во чест на денот на книгите за деца годинава напишана од авторка од Кипар.

Пред бројната публика почитувачи и пријатели на авторката на промоцијата присуствуваа и над 30 ученици од подрачното училиште „Григор Прличев“ во населбата Рача.

Свој настап имаа и младите интерпретаторки Анамарија Нестор и Стефани Крстаноски кои отпеаа песни од минатогодишното „Распеано рибарче“.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 828
Share36
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

by Admin
септември 26, 2026
0
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска. На средбата беше претставено...

Read more

Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

by Admin
септември 25, 2026
0
Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

Апликацијата повеќе не се наоѓа на веб-страниците на Google Play и App Store, па затоа новите корисници не можат повеќе да ја преземат. Корисниците кои веќе го имаат...

Read more

Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

by Admin
септември 24, 2026
0
Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

       Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на културно - уметничка средба на која гости ќе бидат членови на Македонското...

Read more

Охриѓанките Марина Икономова – Шокева и Енис Хилми станаа членки на ДПМ

by Admin
септември 22, 2026
0
Охриѓанките Марина Икономова – Шокева и Енис Хилми станаа членки на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија неодамна го прошири своето членство со шест авторки и автори. Меѓу новите челнови на ДПМ се и Марина Икономова  Шокева и Енис Хилми...

Read more
Next Post
Дониравме книги во болницата за Кардиоваскуларни заболувања

Дониравме книги во болницата за Кардиоваскуларни заболувања

Поврзани вести

Светската критика за делото на Конески 100 год. од раѓањето на великанот од Небрегово

Светската критика за делото на Конески 100 год. од раѓањето на великанот од Небрегово

февруари 24, 2021
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

мај 13, 2025
Китевме елки, правевме честитки, слушавме музика и се дружевме

Китевме елки, правевме честитки, слушавме музика и се дружевме

декември 23, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 828

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?