BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Китевме елки, правевме честитки, слушавме музика и се дружевме

декември 23, 2024
in Актуелно
Китевме елки, правевме честитки, слушавме музика и се дружевме

23 декември, 2024 г.

На само десеттина дена до мигот кога ќе се поздравиме со оваа стара и истрошена 2024 година неа и ќе ја дочекаме Новата 2025 година денеска нашата Прличева одаја како и секогаш беше отворена за сите генрации.

Утрото уживавме во заедничкото китење на елките во Библиотеката и правењето новогодишни честитки со учениците од петто одделение од ОУ Григор Прличев“ и нивната одделенска наставничка Јагода Николоска.

Традиционално оваа несекојдневна активност ја спроведовме во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и почитуваната Елена Обухова.

Со нас беа и ученици и професори од Основното музичко училиште „Методи Патче“  предводени од директорот Наум Џуклески кои со изведба на класична музика ни ја збогатија средбата.

Заедно со децата, музичарите, наставниците и библиотекарите  се дружеа и дел од активистите од Проектот „Најди време“  – Грижа за стари лица при Црвен крст – Охрид.

Поводот е познат.  На почетокот на април, годинава во НУ Библиотека “Григор Прличев“ тогашниот директор на установата Милчо Јованоски заедно со Сашо Точков,  претседател на Црвен крст – Охрид го промовираа и го означија почетокот на Проектот „Книгата поблиску до старите лица“ финансиски поддржан од Министерството за култура , како дел од Годишната програма на библиотеката, за оваа 2024 година која е на истек.

-Но, се’ започна пред две години  кога во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица кога во посета на Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид беа  членови на Проектот „Најди време“.

Уште тогаш екс директорот Јованоски и Горка Донеска, координаторката на проектот, договорија три  месеци  лицата кои од разни причини не можат да дојдат да земаат книга во Библиотеката а сакаат да читаат  да бидат бесплатно зачленети а книгите од Библиотеката до нивниот дом и назад ќе им ги дистрибуираат волонтери од Црвен крст – Охрид.

Тој пилот – проект се покажа успешен, но поради недостаток на финансиска поткрепа  полека згасна и се реализираше инцидентно.

Но, соработката со луѓето вклучени во програмата „Најди време“  успешно се продлабочи со нивно континуирано и активно присуство на нашите настани, рече во пригодниот збор в.д. директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска.

Промовираниот проект во април од овој октомври заедно го продолживме и ќе се реализира до мај идната 2025. Носител на Проектот е Милчо Јованоски а соработник Елена Станкоска. Координатор од страната на Проектот „Најди време“ е писателката Марија Младеноска.

Ние како Библиотека, конкуриравме одново во Министерството за култура и туризам за негово продолжување до крајот на следната година.

А веќе ни е добро познато дека  Библиотеката и Црвен крст – Охрид планираат да подготват и подолгорочен проект кој ќе биде претставен пред меѓународни и домашни донатори.

Овој проект е вистински пример како ги чуваме и ги споделуваме културните вредности и културата ја правиме достапна за секого.

 

Библиотеките се трезор на нашето колективно учење и знаење, а охридската библиотека која оваа година е поддржана со над 1 милион денари само за програма, низ годините го потврдува исклучителното значење за културниот развој на градот.

 

 

 

НУ Библиотека

 

 

Посетеност: 392
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

by Admin
октомври 30, 2026
0
Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

Во рамките на програмата за одбележување на „Месецот на книгата“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид најавува уште три културни настани, кои ќе се одржат од 2 до...

Read more

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

by Admin
септември 26, 2026
0
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска. На средбата беше претставено...

Read more

Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

by Admin
септември 25, 2026
0
Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

Апликацијата повеќе не се наоѓа на веб-страниците на Google Play и App Store, па затоа новите корисници не можат повеќе да ја преземат. Корисниците кои веќе го имаат...

Read more

Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

by Admin
септември 24, 2026
0
Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

       Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на културно - уметничка средба на која гости ќе бидат членови на Македонското...

Read more
Next Post
Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

Поврзани вести

Излезе новата 107 книга насловена „Метафора’ од Академик д-р Миле Миќунов

Излезе новата 107 книга насловена „Метафора’ од Академик д-р Миле Миќунов

јули 6, 2020
Роднокрајни автори родени во ноември

Роднокрајни автори родени во ноември

ноември 4, 2025
Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“

јули 7, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 392

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?