BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Го реализиравме проектот ,,Калдрмата шепоти за Прличев”

март 26, 2026
in Актуелно
Го реализиравме проектот ,,Калдрмата шепоти за Прличев”

Вчера НУ Библиотека „Григор Прличев“ го реализира проектот ,,Калдрмата шепоти за Прличев” по повод овенчувањето на Прличев со Ловоров венец среде Атина во далечната 1860 година.

Учесници во проектот беа учениците од VI  одделение од ООУ ,,Григор Прличев” – Охрид заедно со нивниот библиотекар Наташа  Митреска.

Учениците проследија наш осврт за творештвото на поетот и преродбеник Григор Прличев. Посебно беа обработени  животот и делото раскажани во неговата ,,Автобиографија”,  која ја напишал неколку години пред смртта. На учениците им беше  потенцирано дека делото е пишувано на охридски дијалект. Јазик на кој се зборувало во Охрид во 19 век.

Во времето кога се уште не бил кодифициран современиот македонски литературен јазик, користењето на охридски дијалект е од суштинско значење и тоа: придонес кон развојот на македонската писменост и доказ дека народниот говор може да биде литературен јазик. Употребата на дијалектот има и подлабоко значење. По своето образование на грчки јазик и престојот во Атина, Прличев свесно се враќа кон јазикот на својот народ. На тој начин, дијалектот станува симбол на неговото национално освестување и духовно враќање кон корените. Тој покажува дека народниот говор може да биде достоен за книжевно изразување.

Разгледана беше и поставката на книги од Григор Прличев, неговото ковчеже за писма, неговиот стол како и едно ретка рачна изработка на чаршавче кои се антиквитети а се чуваат во нашата установа.

Учесниците во проектот ја посетија и родната куќа на Григор Прличев каде од страна на историчар им беше раскажан животниот пат на Прличев, правејќи споредби со напишаното во неговата,, Автобиографија”.

Калдрмата не „однесе“ и до неговото вечно почивалиште, гробот на Григор Прличев.

На сите учесници им беше подарен по еден примерок од ,,Автобиографијата”  Овој проект беше дел од Годишната програма за работа на Библиотеката одобрена од Управниот одбор а финансиски помогнат од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Носител на проектот беше Весна Симоновска, а соработници: Сања Лазареска, Никола Ристовски, Владимир Куциноски и Илија Џајкоски.

НУ Библиотека

Посетеност: 720
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Одбрани трите најдобри стихови од „Напиши стих – купи кафе“

Одбрани трите најдобри стихови од „Напиши стих – купи кафе“

Поврзани вести

Група ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на нашата библиотека

Група ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на нашата библиотека

февруари 10, 2022
Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

м-р Милчо Јованоски избран за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

јануари 20, 2022
„Метафора“ од Миќуновиќ промовирана „На зајдисонце“ во Трпејца

„Метафора“ од Миќуновиќ промовирана „На зајдисонце“ во Трпејца

јули 22, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 720

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?