BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

април 24, 2023
in Актуелно
Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

24 април, 2023 г.

По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа посебна свеченост на која беа прогласени најчитателите за 2022, најчитаните автори и дела а на над 30 донатори на книги им беа врачени благодарници.

Со мисла од големиот Цицерон дека „Еден дом без книги е како тело без душа“, најчитателката во возрасна категорија избрана од страна на охридската Библиотека, Силвија Крстевска која во 2022 прочитала 91 книга упати апел до младите да читаат:

-Читањето е отворен прозорец кон светот и апелирам младите да читаат. Љубовта кон читањето се роди уште од мали нозе и истата ја пренесувам на помладите генерации, моите деца кои читаат. Би апелира младите да читаат, помалку да поминуваат време на интернет. Интелегенцијата се гради со читањето. Од литературата читам и роднокрајна, странска, трилери, секаков вид романи. Затоа и апелирам кој каква литература сака нека чита, само да се чита, рече Крстевска.

Втора најчитателека е Ѓурѓица Данеска со 86 прочитани книги за една година а трета е Јорданка Митаноска која во 2023 прочитала 69 книги.

Во детското одделение Бисера Ангелоска со прочитани 44 книги е најчитател кај децата од основните училишта за 2022 година. Анастас Секулоски е втор со 34 прочитани книги а трета е Бисера Радеска со 18 прочитани книги.

Најчитани наслови од македонската литература за возрасни се „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска, „Тунел“ од Петре М. Андреевски, „Луна“ од Винка Саздова, „Девојчето со седа коса“ од Магдалена Елмазовска и „Резервен живот“ од Лидија Димковска.

Најчитани наслови од македонската литература за деца се „Дај шанса на детето“ од Викторија Бадаревска, „Возила за помош и спасување“ од Даниела Божиновска, „Деби му го разбуди бувчето“ од Жаклина Мучева, „Белото циганче“ од Видео Подгорец и „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски.

Од Библиотеката соопштуваат дека годинава финансискиот фонд за набавка на нова домашна и странска литератрура изнесува 450 000 илјади денари кои за оваа намена веќе ги издвои со Годишната програма за работа на Библиотеката ресорното Министерство за култура. Првиот контингент од нови книги веќе се обработува и за околу една недела ќе се најде на полиците во Библиотеката. Од оваа Установа велат дека бројот на читатели секојдневно се зголемува а тоа е резултат на зголемените промотивни активности, набавната политика и честите средби со граѓаните и бројните настани кои привлекуваат различна категорија сограѓани.

На свеченоста беа прочитани македонската порака која по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, како и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

НУ Библиотека

Посетеност: 491
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“и НУ Библиотека „Григор Прличев“

Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“и НУ Библиотека „Григор Прличев“

Поврзани вести

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа омаж во чест на Тоде Илиевски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа омаж во чест на Тоде Илиевски

март 7, 2022

Прличевата „1762 лето – Своевидна и неофицијална химна на Охрид

мај 31, 2020
Нови книги и роднокрајни автори родени во март

Нови книги и роднокрајни автори родени во март

март 3, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 491

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?