6 февруари, 2025 г.
Во рамките на настанот СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ во неговата спомен куќа Влатко и Силви Плевнеш ја изведоа песната „1762 лето“ .
Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаковсе заб на директорката на нашата библиотека Христина Трпеска и врачи два примерока од книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент – Егзипери, отпечатена во Брајово писмо. Во таа пригода Трпеска рече:
– Среќна сум што со овие примероци од книгите со Брајово писмо од денеска ја збогатуваме нашата се’ уште мала книжевна збирка со дела наменети и приспособени за лицата со оштетен вид.
Библиотеката секако во рамките на своите можности и дополнително во текот на оваа година да набави уште некоја книга со Брајово писмо.
Но со гордост можам да кажам дека нашата фонотека од сопствена продукција има повеќе аудио книги и разговори со охридски автори кои можат да се позајмат и слушнат.
Да се заблагодарам за подарокот , но и воопшто за помошта и реализиацијата на беседите на градоначалникот д-р Кирил Пецаков, неговиот тим и Општина Охрид.
Во рамките на овој настан беше промовирана и книгата „ОХРИДСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, уредник Митре Велјаноски а промотор беше Бранко Цветкоски.
Покрај директорката Трпеска на овој настан беа и колегите: Владимир Куциноски, Бети Лазеска – Симоноска, Коста Трифуноски и Николче Блажески.
НУ Библиотека