BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

На денешен ден пред 45 години почина писателот Ванчо Николески

април 15, 2025
in Актуелно
На денешен ден пред 45 години почина писателот Ванчо Николески

15 април, 2025 г.

По повoд 45 годишнината од смртта на познатиот македонски писател Ванчо Николески, претставник на првата повоена генерација македонски творци за деца и млади вчера  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид гостуваше во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец .

 

Библиотекарите Бети Лазеска – Симоноска и Милчо Јованоски заедно со в.д директорката  на библиотеката Христина Трпеска два часа другаруваа со учениците од шесто одделение и нивната наставничка по македонски јазик Емилија Блажеска.

Директорката Трпеска одблиску ги запозна учениците со поставеноста и историјатот на Градската библиотека како што и денеска ја викаат нашите сограѓани која е дел од крвотокот на Охрид. Таа е култно место за сите генерации, рече Трпеска и додаде:

–  На нејзините полици „живеат“ илјадници дела, автори и животни вистини и имагинарни ликови кои чекаат некој да ги земе и да ги прочита. Книгата се чини ја надживеа и брзата технолошка ера. Мирисот на книгата не може да се замени со модерната технологија на која може и да се чита ама чувството не е и исто ко она кога ќе се влезе во храмот на книгата и уште повеќе кога со задоволство ќе читате и ќе ги прелистувате страниците, рече Трпеска и ги покани учениците да ја посетат Библиотеката.

Библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска ги потсети учениците на богатата биографија на Николески, кој не случајно е и патрон на ова училиште со оглед на тоа што еден период работел и како учител во училиштето во село Косел. Таа рече: –  Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода, Охридско на 10 јуни 1912 година. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.

По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола и Радио Охрид  Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.

За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „11 Октомври“ „Климент Охридски“ и  „Младо поколение“.

Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик. Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“. Негови најпознати дела се:

„Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)

„Мице“ (поема, 1947)

„Школско ѕвонче“ (песни, 1947)

„Прва радост“ (песни, 1947)

„Бабино вретенце“ (песни, 1948)

„Крај огниште“ (песни, 1948)

„Дедови приказни“ (песни, 1950)

„Шарено торбиче“ (песни, 1950)

„Татковина“ (песни, 1950)

„Мое село“ (песни, 1950)

„Чуден свет“ (песни, 1952)

„Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)

„Мојот ден“ (сликовница, 1952)

„Стани, Коле“ (песни, 1952)

„Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)

„Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)

„Приказни и бајки за деца“ (1955)

„Чудни случки“ (раскази, 1958)

„Цвета смета“ (сликовница, 1960)

„Волшебното самарче“ (роман, 1962)

„Приказни од моето село“ (раскази, 1964)

„Гоце Делчев“ (роман, 1964)

„Чуден дедо“ (песни, 1964)

„Под виорното знаме“ (роман, 1967)

„Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)

„Малиот ловец“ (раскази, 1970)

„Станко спанко“ (песни, 1972)

„Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)

„Рачко плачко“ (песни, 1973)

„Крвави години“ (хроника-роман)

„Жива книга“ (раскази, 1978)

Починал во Охрид на 15 април 1980 година на 67 годишна возраст.

Библиотекарот, м-р Милчо Јованоски на учениците им прераскажа неколку анегдоти сврзани со животот на писателот Николески, кој најголем дел од животот го помина во Охрид.  Тој одблиску ги запозна со фондот книги кои се дело на Николески  а ги поседува Библиотеката и истовремено им предложи на нашата веб страница да го побараат и да го слушнат аудио записот од романот „Гоце Делчев“ на Николески , реализиран во продукција на охридската Библиотека уште во 2016 година.

Учениците имаа можност да ја слушнат 13 глава од романот под наслов „Чудниот трговец“ со нарација на нашата колешка Сузана Стојкоска.

Можеме да се пофалиме рече Јованоски дека двата дела кои само пред нецели четири години се поставени на  каналот YOU TUBE на Библиотеката се слушнати близу 20 000 пати.

На средба со директорот на училиштето Сашо Климоски и педагогот Весна Терзиоска беше договорена идна почеста и уште поплодна соработка меѓу двете институции.

НУ Библиотека

Посетеност: 444
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Во пресрет на Велигден организиравме креативна работилница за изработка на велигденски честитки

Во пресрет на Велигден организиравме креативна работилница за изработка на велигденски честитки

Поврзани вести

Нашата Библиотека утре ќе е домаќин на Републичкиот натпревар „Млади билиотекари“

Нашата Библиотека утре ќе е домаќин на Републичкиот натпревар „Млади билиотекари“

мај 19, 2022
Уште осум нови книги чекаат читатели

Уште осум нови книги чекаат читатели

ноември 4, 2020
Нови книги и роднокрајни автори родени во март

Нови книги и роднокрајни автори родени во март

март 3, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 444

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?