Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 07 Mar 2023
Вчера во Скопје  по кусо боледување во 61-та година од животот почина Љупчо Јакимоски, роднокраен автор и  поранешен директор на МИА и МРТ.Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Тој е автор на стихозбирката „Знак“ издадена во 1984 година од Книжевната младина на Македонија.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршуваше до 2002 година.

Во 2006 година беше избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан  утре во неговото родно Велестово.

НУ Библиотека