11 мај, 2024 г.
Во текот на февруари Амбасадата на Република Полска во Скопје на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Полска на полица“ и’ донира 53 наслови по еден примерок актуелни преводи на книги од полски автори на македонски јазик.
Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:
-Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција. Читателите ги очекуваат симболични сувенири.
По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите:
Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор
И Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката
во која ќе биде изработен цртежот е по желба).
Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:
skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г.
Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите
библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.
Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите
на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.
Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од
двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници
следуваат мали сувенири.
Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и
библиотеките.
Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.
Да читаме полска литература!
Нашата библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник следниве наслови им стојат на располагање на читателите: ’Рѓа – Јакуб Малецки, На пат – Марија Конопницка, Човечка менажерија од Габриела Заполска, Без догма – Хенрик Сјенкијевич, Срцето на темнината од Џозев Конрад, Странци пред нашата врата Зигмунт Бауман, Митизација на реалноста од Бруно Шулц, Флуидно зло од Зигмунт Бауман и Леонидас Донскис, Сите војни на Лара Војќех Јагиелски, Трошка вистина од Зигмунт Милошевски, Нов живот: Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција, Дионисиос Стурис, Ненаситност 1+2 од Станислав Игнаци Виткиевич,
Крај на светот во Бреслау – Марен Крајевски, Империјата од Ришард Капушќињки, Продавниците со боја на цимет/ Санаториумот во знакот на Клепсидрата – Бруно Шулц, Соња од Игнаци Карлович, Бакакај и Транс –Атлантик од Витолд Гомбрович, Слон од Славомир Мрожек, Цивилизација, Ципријан Норвид, Готленд од Мариуш Шчигел , Најпосле љубов од Елиза Ожешкова, Бездомници од Стефан Жеромски, Е.Е., Бизарни раскази,Терај си го плугот по коските на мртвите, Талкачи, од Олга Токарчук, Непобедлив, Соларис, Гласот на господарот и Киберијада од Станислав Лем, Еврејска работа Миколај Гринберг , Жртвата Поликсена од Марта Гузовска, Ветената земја Владислав Рејмонт, Со оган и со меч од Хенрикџ Шенкиевич, Пред западни очи од Џозеф Конрад, Врашава го исцртува Скоје од Кинга Нетман – Мултановска, Сите деца на Луи од Камил Балук, Дневник 1953 -1958 и Дневник 1959 – 1969 Витолд Гомбрович Расположенијата на Хиполит Колбас од Роксана Јенджејевска – Врубел, Човекот каков е, секој гледа од Мажена Матушак, Трнливата полјана од катажена Ририх, Најмалиот слон на светот од Маќеј Шиманович, Товилиште за пеперутки и Волшебницата од долниот кат од Марчин Шчителски, Во моето меше живее некое животинче од Гжегож Касдепке, Мечето Ушко од Чеслав Јанчарски Заробениот ум од Чеслав Милош, Пасион од Пјотор Пажињски и Ќе не исколваат гаврани, врани од Стефан Жеромски.
НУ Библиотека