BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Побарајте книги на полски и учествувајте на Конкурс од проектот „Полска на полица“

мај 11, 2024
in Актуелно
Побарајте книги на полски и учествувајте на Конкурс од проектот „Полска на полица“

11 мај, 2024 г. 

Во текот на февруари Амбасадата на Република Полска во Скопје на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Полска на полица“ и’ донира 53 наслови по еден примерок  актуелни преводи на книги од полски автори на македонски јазик. 

Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:

-Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција.  Читателите ги очекуваат симболични сувенири.

По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите:

Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор

И Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката

во која ќе биде изработен цртежот е по желба).

Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:

skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г.

Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите

библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.

Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите

на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.

Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од

двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници

следуваат мали сувенири.

Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и

библиотеките.

Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.

Да читаме полска литература!

Нашата библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник следниве наслови им стојат на располагање на читателите: ’Рѓа – Јакуб Малецки, На пат – Марија Конопницка, Човечка менажерија од Габриела Заполска, Без догма – Хенрик Сјенкијевич, Срцето на темнината од Џозев Конрад, Странци пред нашата врата  Зигмунт Бауман, Митизација на реалноста од Бруно Шулц, Флуидно зло од Зигмунт Бауман и Леонидас Донскис, Сите војни на Лара  Војќех Јагиелски, Трошка вистина од Зигмунт Милошевски, Нов живот: Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција,  Дионисиос Стурис,  Ненаситност 1+2 од Станислав Игнаци Виткиевич,

Крај на светот во Бреслау – Марен Крајевски, Империјата од Ришард Капушќињки, Продавниците со боја на цимет/ Санаториумот во знакот на Клепсидрата – Бруно Шулц, Соња од Игнаци Карлович, Бакакај и Транс –Атлантик од Витолд Гомбрович, Слон од Славомир Мрожек, Цивилизација, Ципријан Норвид, Готленд од Мариуш  Шчигел , Најпосле љубов од Елиза Ожешкова, Бездомници од Стефан Жеромски, Е.Е.,  Бизарни раскази,Терај си го плугот по коските на мртвите, Талкачи,  од Олга Токарчук, Непобедлив, Соларис, Гласот на господарот и Киберијада од Станислав Лем,  Еврејска работа Миколај Гринберг , Жртвата Поликсена од Марта Гузовска, Ветената земја Владислав Рејмонт, Со оган и со меч од Хенрикџ Шенкиевич, Пред западни очи од Џозеф Конрад, Врашава го исцртува Скоје од Кинга Нетман – Мултановска, Сите деца на Луи од Камил Балук, Дневник 1953 -1958 и Дневник 1959 – 1969 Витолд Гомбрович Расположенијата на Хиполит Колбас од Роксана Јенджејевска – Врубел, Човекот каков е, секој гледа од Мажена Матушак, Трнливата полјана од катажена Ририх, Најмалиот слон на светот од Маќеј Шиманович, Товилиште за пеперутки и Волшебницата од долниот кат од Марчин Шчителски, Во моето меше живее некое животинче од Гжегож Касдепке, Мечето Ушко од Чеслав Јанчарски Заробениот ум од Чеслав Милош, Пасион од Пјотор Пажињски и Ќе не исколваат гаврани, врани од Стефан Жеромски.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 472
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Роднокрајни автори родени во мај

Роднокрајни автори родени во мај

Поврзани вести

Фридман и Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

Фридман и Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

мај 21, 2020
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

„Прличевите беседи 2026 “ во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“

февруари 3, 2026
BIBLIOTEKA FUTURA – Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

BIBLIOTEKA FUTURA – Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

април 28, 2026

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 472

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?