BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

BIBLIOTEKA FUTURA – Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

април 28, 2026
in Актуелно
BIBLIOTEKA FUTURA – Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска заокружува уште еден од проектите од Годишната програма за работа финансирани од Министерството за култура и туризам.

Втора година со ред денес ќе се одржи завршниот дел од проектот BIBLIOTEKA FUTURA – ЦВЕТНА БИБЛИОТЕКА.

Настанот со поздравно обраќање ќе го отвори директорката на НУ Библиотека од Охрид Христина Трпеска, по што ќе следи кусата презентација на дипломираниот шумарски инженер од Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“ Лидија Иванова. Таа ќе го опише патот на цвеќето од нивниот расадник до градските паркови –  „Каде се ‘раѓаат’ охридските цвеќиња“.

На тема: „Говорот на цвеќето“ релации на хортикултурата во библиотеките помеѓу книжевноста, ботаниката, образованието, просторната архитектура и внатрешното уредување“ ќе говори  гостинот од Белград, Република Србија Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и експерт за посебни проекти. Марковиќ воедно е идеен творец и претседател на Регионалната хортикултурна мрежа на библиотеки во која од 2022 активно се вклучи и библиотеката од Охрид.

За „Цвеќето како мотив и инспирација во македонската книжевност и народните песни и традиции“ пред присутните ќе зборува м-р Милчо Јованоски, носител на проектот а за „Македонските библиотеки во пресрет на новото време – нови концепти на библиотечни услуги“ предавач ќе биде м-р Јелена Петровска – советник библиотекар и координатор на македонската мрежа на хортикултурни библиотеки.

Практичниот дел од овој проект во два наврати претходно беше реализиран во Расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ со посета на ученици – биолози од ООУ „Св. Климент Охридски“ со нивната предметна наставничка Дивна Стрезоска. Учениците следниот ден подарените цвеќиња грижливо ги засадија во училиштниот двор.

Ученици од подарчното ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани во Долно Коњско направија цртежи и инсталации на тема цвеќе ,заедно со нивната наставничка Лила Каранфилоска.

На настанот покрај библиотекари и вработени во библиотеката ќе бидат присутни и наставници по македонски јазик и библиотекари од Охрид и Струга.

Дел од активностите на проектот се поддржани и од „Галеб“ Охрид и Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид.

НУ Библиотека

 

 

Посетеност: 530
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
BIBLIOTEKA FUTURA – ги следиме светските трендови во библиотекарството

BIBLIOTEKA FUTURA - ги следиме светските трендови во библиотекарството

Поврзани вести

Ќе го одбележиме 23 април –  Светскиот ден на книгата и авторското право

Ќе го одбележиме 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право

април 22, 2025
Роднокрајни автори родени во септември: Маленко, Ѓорѓиоски и Линдро

Роднокрајни автори родени во септември: Маленко, Ѓорѓиоски и Линдро

септември 3, 2020
Софија Стојанова – автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

Софија Стојанова – автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

јануари 26, 2026

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 530

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?