BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Со песните од „Распеано рибарче 2024 “ го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

мај 3, 2024
in Актуелно
Со песните од „Распеано рибарче 2024 “ го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2024 г. 

Денес  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ со песна и танц го заокруживме  25 издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“. На едне посебен начин го одбележуваме и  5 Мај – Денот на македонскиот јазик, за да му оддадеме почит на минатото и да покажеме дека го знаеме и го цениме нашиот јазик на кој твориме и пееме и детски песни. Во ризницата на „Распеаното рибарче“ се забележани над 500 песни со што трајно е збогатен фондот на детски песни отпеани на нашиот убав и чист македонски јазик. 

 

Директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски децата и нивните родители ги потсети на макотрпната и многу вековна борба на Македонците да го формираат својот мајчи македонски литературен јазик.

https://bibliotekaohrid.mk/wp-content/uploads/2024/05/video-7e9471c0e4d49e7816ac177bbea924a3-V-1.mp4

-На 5 Мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 г. е озаконета македонската азбука. Генезата на македонскиот писмен јазик ја следиме уште од првите црковнословенски ракописи од X-XI  век, кога се појавуваат првите типично македонски зборови, и тој развој го следиме низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на XVI век.

Во XIX век веќе се појавува и јасна свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што кулминира во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во 1903 г.
Тој континуитет во развојот на македонскиот јазик е потврден на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 г., датум од огромно значење за нас – датум на кој македонскиот јазик за првпат и официјално станува службен јазик во една држава – македонската држава.

 

По официјализирањето, на 5 мај 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, азбука којашто исто така се надоврзува на претходната писмена традиција – црковнословенската кирилица, реформираната кирилица, т.н. граѓанка, како и графискиот систем што го користи Мисирков.

 

На 7 јуни 1945 г. е усвоен и правописот на македонскиот јазик, а набргу потоа следуваат и основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик – и со тоа се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик, рече Јованоски.

 

На присутните 80 учесници на јубилејното Рибарче денеска организаторите им ги врачија дипломите за учество, ЦД и песнарка од фестивалот како трајно сеќавање за нивниот ангажман. Со ветување дека македонската детска песна ќе се пее и догодина со дел од истите деца, но и со нови мелодии и изведувачи.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 151
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Побарајте книги на полски и учествувајте на Конкурс од проектот „Полска на полица“

Побарајте книги на полски и учествувајте на Конкурс од проектот „Полска на полица“

Поврзани вести

Нови книги во Библиотеката

Нови книги во Библиотеката

февруари 24, 2022
Промоција на Алманах и ДВД Роднокрајни автори – аудио записи 2024

Промоција на Алманах и ДВД Роднокрајни автори – аудио записи 2024

јуни 18, 2024
Лани кај нас профункционираа обработката на периодиката и книговезницата

Лани кај нас профункционираа обработката на периодиката и книговезницата

јануари 22, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 151

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?