BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Го одбележавме 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право

април 23, 2024
in Актуелно
Го одбележавме 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право

23 април, 2024 г. 

Вработените во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска на пригоден и свечен начин заедно со читателите го прославија   23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право.

Директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски се осврна на работата на установата во текот на изминатите 365 дена а ја пренесе и годинашната меѓународна порака во чест на денот од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, Азуле, во неа вели: – На Светскиот ден на книгата и авторското право во 2024 година, би сакале да ја потенцираме значајноста да ја прославуваме моќта и убавината на книгите.Книгите, во сите нивни форми, ни овозможуваат да учиме и да се информираме. Тие исто така нè забавуваат и ни помагаат да го разбереме светот, притоа нудејќи прозорец кон другоста.

За книгите да можат да го ослободат својот целосен потенцијал, од суштинско значење е тие да ја одразуваат јазичната разновидност на нашиот свет. Сепак, тоа е далеку од тоа да биде случај денес; Мнозинството дела се објавени на само неколку јазици, а дигиталната технологија го покренува прашањето за лингвистичка хомогенизација.

Сепак, секој пишан јазик со себе носи одреден светоглед, со своите симболи и неговите вредности, напиша Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

На настанот во охридската Библиотека , македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право што ја напиша Ива Дамјановски,  поетеса, пијанист, композитор, ја прочита м-р Мариче Боздоганова , библиотекар советник. Дамјановски во неа вели:  – Задачата на еден поет е да го земе она што е одвратно и грдо и да го претвори во естетски објект, задачата на еден автор на книжевно дело е да ја претвори во значење баналноста на материјалното постоење. Но, и кога не станува збор за уметничка литература, книгите се приказни, без оглед на тоа дали раскажуваат за нечија едноставна емоција или начинот на кој што функционира квантната механика. И еден учебник по органска хемија е возбудлива приказна за почетоците на еден вид кој ја има неверојатната способност да пишува учебници по органска хемија,порача Ива Дамјановски.

На настанот беа прогласени најчитателите во категориите возрасни и деца, највозрасниот и најмладиот читател во 2023 година во Библиотеката.

Најчитателката Христина Петреска  во една година прочитала дури 139 книги, втора е Марија Петковска со 111 прочитани книги, а на третото место со 105 прочитани книги е Јорданка Митаноска сите од Охрид.

Листата на тројцата најчитатели во 2023 година во детското одделение изгледа вака. Најчитателка е Јована Снегарова со 62 прочитани  книги а следат Бисера Ангелоска со 54 и Иван Аслимоски со 41 прочитана книга.

Највозрасен зачленет читател во Библиотеката во Охрид е Благородна Тасевска , родена 1932 година, а најмлад читател е Маја Наумоска , родена 2022 која наградата ја прими во придружба на родителите.

На 30 донатори на книги во 2023 година од Охрид и цела земја им беа врачени благодарници.

Денеска беше прогласен најдобриот Млад библиотекар. Тоа е  Бојана Башоска од ООУ „Св. Наум Охридски“од Пештани  под менторство на Емилија Митреска.  Таа ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Куманово на 21 мај.На Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“одржан на 15 април учествуваа шест општински училишта со вкупно 14 натпреварувачи. Денеска благодарници добија и сите учесници и ментори.

 

Настанот беше заокружен со врачувањето на наградите од манифестацијата „Напиши стих – купи кафе“ организирана во чест на Светскиот ден на поезијата 21 Март. Наградени се авторките Даниела Илијоска и Маја Мојсова и Силвана Јованоска.

Настанот со својот настап го збогатија младите флејтистки од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид: Бојана размоска, Тијана Шутароска и Ана Јованоска од класата на професор  Нина Момировска.

Да потсетиме. Датумот 23 април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, книжарите во Шпанија се собрале да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, Сервантес како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 408
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Мај – Месец на полската книжевност во македонските библиотеки

Мај - Месец на полската книжевност во македонските библиотеки

Поврзани вести

Драмскотo студио „Цвет 75“ од Охрид  во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“

Драмскотo студио „Цвет 75“ од Охрид во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“

февруари 11, 2022
Го одбележавме 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право

Го одбележавме 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право

април 23, 2024

Охридските поетеси во чест на Светскиот ден на поезијата

март 21, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 408

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?