Мај – Месец на полската книжевност во македонските библиотеки

Мај – Месец на полската книжевност во македонските библиотеки

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 27 Apr 2024
27 април, 2024 г.
Амбасадата на Република Полска има чест да Ве информира, дека месец мај ќе тече во
знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки.
Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат
меѓу библиотекарската колекција. Дел од нив Амбасадата на Република Полска ги подари
на неколку библиотеки во земјава, во рамки на проектот „Полска на полица“.
Ве покануваме и на средби со полските автори (дополнителни информации ќе бидат
објавени наскоро).
Читателите ги очекуваат симболични сувенири.
По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите:
Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор
и
Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката
во која ќе биде изработен цртежот е по желба).
Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:
skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г.
Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите
библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.
Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите
на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.
Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од
двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници
следуваат мали сувенири.
Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и
библиотеките.
Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.
Да читаме полска литература!
НУ Библиотека