Драмскотo студио „Цвет 75“ од Охрид во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“

Драмскотo студио „Цвет 75“ од Охрид во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 11 Feb 2022

11 февруари,2022 г. 

Во светот на книгите во улога на добри домаќинки децата – членови на драмското студио  „Цвет 75“ги поведоа  колешките –  библиотекари Весна Симоноска и Елена Станкоска.

Младите актери  беа запознати со сите оддели во установата, но и со патот на книгата од издавачот до читателот и обратно до враќањето на пултот за зајмување.

Децата прашуваа, но и раскажуваа, 17 минутниот приказ во режија на раководителката на драмското студио „Цвет 75“ Драгана Боцеска е само мал дел од заеднички убаво поминатото попладне во библиотеката.

Видео записот „Во библиотека“ во три наврати беше емитуван на ТВ Сонце.

НУ Библиотека