Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 15 Apr 2024

15 април, 2024 г. 

Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа Регионалниот  натпревар „Млади библиотекари“. 

Учествуваа 14  ученици од Основните училишта:  „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“и „Св. Климент Охридски“.

Тестот за натпреварувачите се состоеше од 20 прашања на кои тие писмено  одговараа во текот на еден час.Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан на 23 април Светскиот ден на книгата и авторското право ќе го прогласи победникот.

Тој  ќе се стекне со право на учество на 23. Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи 21 мај во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.

НУ Библиотека