11 декември, 2023 г.
По повод месецот на книгата Библиотеката имаше распишано конкурс под наслов „Среќа“, наменет за учениците од ОУ на Охрид и општина Дебарца.

Учениците своите творби ги имаа пријавено под шифра.

Комисијата ги разгледа и одлучи наградите да бидат доделени посебно за прозен состав (прва, втора, трета), посебно за поетска творба(прва, втора, трета). Секоја творба имаше свој личен печат.

Комисијата првата награда од прозните состави и ја додели на Елена Чулческа 8б; втората награда на Анастасија Чулческа 9б и двете од ОУ „Ванчо Николески“, Лескоец и третата награда и припадна на Александра Шуканова 5 одд. од ОУ Св. „Климент Охридски“, Охрид.

Првата награда од поетските творби и припадна на шифрата Климент Укоски од ОУ „Климент Охридски“, 8 одд.; втората награда за Евгенија Крцоска 6 одд. од ООУ „Дебрца“ – ПУ Мешеишта и третата награда и се додели на Марија Тасеска 6 одд. од ООУ „Кочо Рацин“, Охрид.


Наградите им беа врачени ден пред празникот Свети Климент.
НУ Библиотека












