BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Утре симболично го отовораме депото за редок библиотечен фонд

декември 7, 2023
in Актуелно
Утре симболично го отовораме депото за редок библиотечен фонд

6 декември, 2023 г. 

Утре – четврток од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид со пригодна свеченост  со наслов: „Св Климент во колективната меморија на Охрид “ ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.

Оваа 2023 година со финансиска помош од 300 000 денари од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија , Библиотеката го реализира проектот за адаптација на простор и создавање услови за Депо за редок библиотечен фонд со примена на високи стандарди за негово чување.

Симболично со видео приказ ќе биде отворено новото депо а ќе биде промовиран и  каталогот за дел од реставрираните книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

За првпат во Каталогот се објавени  конкретни факти за богатиот трезор од ретки книги во Библиотеката од кои најстарата ПРОХОР-ПЧИЊСКО ИЗБОРНО ЕВАНГЕЛИЕ датира од последната четвртина на 16 век. Таа е сопственост на Библиотеката од Охрид, но се чува во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во Охрид во реткиот фонд има 812 книги и тоа од периодот 1872 до 1945 година напишани во оригинал  или преведени на српски, хрватски, руски, бугарски од англиски, француски и италијански автори. Од нив во последниве пет години стручно се заштитени 65 книги.

За првпат светлината на денот јавно во пишан документ во овој каталог по едно опсежно истражување е претставен реткиот македонски фонд од 1944 до 1950 година. Во него се опфатени важни документи кои сведочат за темелите на македонската државност сврзани со Илинден и НОБ но и првите  научни и литературни дела како Букварот со читанка на македонски јазик, делата на Крсте П. Мисирков, Блаже Конески, Славко Јанески, Лазо Каровски, Јован Бошковски и охриѓаните Радослав Петковски и Борис Бојаџиски.Библиотеката  го поседува и фототипното издание на „Бели мугри“ од Рацин издадено 1939 година.

На истиот настан ќе следи и  презентација на Проект за изградба на пристапна рампа во НУ Библиотека „Григор Прличев“  од младите охридски архитекти здружени  во Колектив АРХРИД.

Утре во Библиотеката  ќе им бидат доделени и  награди на учениците од  основните училишта за најдобрите поетско – прозни творби од распишаниот конкурс по повод Месецот на книгата на тема: „Среќа“

Од Библиотеката  соопштуваат дека по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски и патрониот празник во текот на декември бесплатно ќе бидат зачленети 70 ученици од петто одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.

НУ Библиотека

Посетеност: 188
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Ден пред Свети Климент доделени наградите од литертурниот конкурс „Среќа“

Ден пред Свети Климент доделени наградите од литертурниот конкурс „Среќа“

Поврзани вести

Нови автори , нови книги…

Нови автори , нови книги…

октомври 21, 2020
Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

февруари 8, 2022
Излезе стихозбирката „Мајка“ од Вера М Самарјанин

Излезе стихозбирката „Мајка“ од Вера М Самарјанин

април 27, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 188

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?