BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

февруари 8, 2022
in Нови книги
Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

8 февруари, 2022 г. 

Годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ организирана од институциите чиј патрон е познатиот поет и преродбеник Григор Прличев и координирана од Општина Охрид помина во знакот на три промоции на книги.

Од денеска на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги зајмите и следниве наслови: „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ приредена од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров.

Монографијата „Прличеви беседи“ е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во воведот авторите Јованоски и Змејковска велат: -Ние како автори продолживме, таму каде што се застанало и преку документи, фотографии и искажувања се надеваме дека како наш залог за идните генерации уште еднаш ги зацврстивме историските и развојните факти, за седумте децении и посебно за последните 25 години сврзани со настаните од „Прличевите беседи“ одржани во нашата матична НУ Библиотека која со гордост го носи името на својот Патрон – Прличев.

Концепциски, оваа монографија е надградена и збогатена со сеќавања и беседи за Прличев на наши и странски писатели и поети. На површина излегуваат нови факти и нешта кои до денеска не сме ги знаеле или биле недоволно разјаснети.

Монографијата не е само гола фактографија на настани и хроника, туку содржи и низа стручни елементи и научни истражувања кои „шетаат“ во длабочина и широчина низ животот и творештвото на преродбеникот Прличев.

Во монографијава подробно се обработени речиси сите активности кои се случувале во последните 25 години во рамките на „Прличевата или Охридска визита“ што всушност е едно исто. Првата визита се одржала во далечната 1963 година во Библиотеката а подоцна просторот се менувал и пак се враќала од каде што почнала.

Книгата „Охридски раскажувачи“ финансирана како некомерцијално издание од страна на Општина Охрид претставува еден вид антологија на прозното творечко ткаење кое се создавало во Охрид од творци родени во две половини од два века, втората половина на 19 век и првата половина на 20 век и како таква (а ние како составувачи се трудевме или барем се обидовме) таа претстава една целина во јазична, тематска и стилска смисла, карактеристична за овој духовен предел од Македонија. Во книгата се вклучени автори кои се родени во Охрид, и автори кои на некој начин животните патеки ги вкрстиле со овој град,ќе запише еден од приредувачите поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Проф. д-р Димитар Пандев за книгата „Охридски раскажувачи“ додава: -Тргнавме хронолошки, по годините на раѓање на охридските раскажувачи, водејќи сметка да ја не префрлиме границата на нашите генерации. А пред нас се отвори, сосема неочекувано Охридскиот предилинденски заговор и македонската државотворна и јазикопрестижна идеја преточена во сказанијата на Кузман Шапкарев, на Зафир Белев и на Евтим Спространов.  И сѐ се државотворечки приказни, светски и наши, вложени во  ќуркчиската каса што ја основал Григор Прличев.

А на овие приказни спонтано ни се разотворија со сета своја автентична документарност историските романи на Ванчо Николески, меѓу кои значајно место има романот „Гоце Делчев“.

Поемата „Цветко“ од Трајче Кацаров која неодамна беше прогласена за најдобра за 2021 година на отворениот конкурс што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот поет Григор Прличев и промовирана пред три дена на Прличевите беседи во Охрид според жири комисијата во состав проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), проф. д-р Мишел Павловски и д-р Славчо Ковилоски (членови), е „пишувана во модернистички манир и  претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко, отвара суштински егзистенцијалистички прашања“. Понатаму во образложението се вели дека ракописот на Кацаров „има изградено цврста интегрирана приказна со структурна издиференцираност во мотивски поглавја (Пролог, Семе за надеж, Детството, Младост, Големата љубов, Брак, Лизгање по угорнина, Гости, Епилог), обединети околу одредени семантички јадра, кои го следат животот на главниот лик – Цветко.

Книгата е во издание на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Трите изданија се издадени со финансиска помош на Министерството за култура и Општина Охрид.

Потсетуваме дека пултот за зајмување во Библиотеката за читателите од понеделник до петок е отворен од 8.30 до 18.30 часот.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 140
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Промоција на стихозбирката „Соѕвездие во мислите на Марија“ од Марија Тодороска

by Admin
мај 26, 2025
0
Промоција на стихозбирката „Соѕвездие во мислите на Марија“ од Марија Тодороска

  26 мај, 2025 г.             Во среда на 28 мај ООУ „Христо Узунов“ од Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно ќе ја промовираат првата стихозбирка од...

Read more

Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

by Admin
април 17, 2025
0
Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

17 април, 2025 г. Деновиве  излезе од печат книгата  „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ од д-р Гоце Џуклески  и м-р Наумче Џуклески. -Ова дело...

Read more

Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

by Admin
април 3, 2025
0
Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

3 април, 2025 г.  На пултот за зајмување побарајте ги  трите нови романи на Гордана Такец: Руски рулет, Балканот е валкан и Нашите испуштени нешта. Писателката Гордана Такец...

Read more

„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

by Admin
март 25, 2025
0
„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

25 март, 2025 г. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од печат излезе стихозбирката „Искривена демократија“ од роднокрајниот поет Иван Велјаноски. Книгата содржи 52...

Read more

„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

by Admin
февруари 7, 2025
0
„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

7 февруари, 2025 г. Пред два дена во рамките на чествувањето на ликот и делото на Григор Прличев“ во Охрид му беше врачена наградата за најдобра поема на...

Read more
Next Post
Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Поврзани вести

Нашата библиотека со поддршка на Проектот „250 години од раѓањето на Бетовен“

Нашата библиотека со поддршка на Проектот „250 години од раѓањето на Бетовен“

декември 14, 2020
Бевме присутни и на „Стихови и звуци“ во родната куќа на Прличев

Бевме присутни и на „Стихови и звуци“ во родната куќа на Прличев

февруари 6, 2024
Павле Митрески – добитник на наградата  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“

Павле Митрески – добитник на наградата  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“

декември 4, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 140

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?